ја (зам.) - направи (гл.)

Надворешните опасности, пожарите како овој, поплавите, одроните на планините, земјотресите, можат да го уништат мојот успех и да ја направат ништожна мојата идеја, да остане ископината како некој остаток од минатото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И решија тие, (ма не се работи за џуџиња) човечуљците да ја направат својата експедиција на големата преселба од другата страна на автопатот, токму во недела, кога нема толку многу движење, затоа што некој можеше да биде повреден или не дај боже да загине, а и така нивната популација беше пред изумирање.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Е, море, тука тука. Било речено да ги оставиме коските по овие пустелии, нема што — тажно промрморија скоро сите Сарафови приврзеници кои до пред некој ден мислеа дека се веќе надвор од опасноста и скоро ќе се најдат „во слободната мајка Б'лгарија" да ги понесат венците за услугата што му ја направија на Кобурга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но мислата?... Та тој не сакаше вечерва да ја опијани. Да ја потисне. Да ја направи бессилна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Длабокиот снег, кој веќе фаќаше преку колена, ги присили овците да се движат само по патеката што ја направи Бојан, па штом се напија вода сами се вратија кај плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знаев да ја носам на глава круната што ти ми ја направи од светулките, не знаев да бидам кралица...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стара беше, постара и од мене. Оваа нова е што ја гледаш, пролетва ја направивме...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Измачувањето ќе си го чува за себе за да може да ја направи поднослива тагата на Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Освен тоа што енормно беа зголемени законските обврски кои организацијата на легален штрајк ја направија скоро невозможна мисија за работниците, овие изблици на работнички револт сега се во најголема мера, целосно узурпирани од социјалниот дијалог, кој пак е само обична апологија на политичко-бирократските елити за создавање илузија дека всушност нешто се прави за подобрување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дрмон ќе ти ја направи куќата - ем сѐ што ќе најде ќе ти изеде и ќе ти испие, ем ќе ти ја испреврти куќата. И како да не бил тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Ме одведе до Велес со џипот. Ете, тоа се случуваше“, рече, иако и самата беше свесна дека паузата што ја направи додека го смисли одговорот беше предолга и ѝ даваше на ситуацијата сјај на раскошна лага.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој миг отец Стефан ја направи најголемата грешка, оти се вмеша во одбрана на отец Пелазгиј.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И кога виде Писмородецот, крај мене застанат, дека во буквата сум гледал, се вцрви и тој (Боже, дали и нему таа буква на блудна девојка му личеше, на блудница Вавилонска што те довикува меѓу нозете свои?), светна со окото мрежесто, па зеде и со својот калем ја покри убавината соблазнителна со мастило црно, невидлива ја направи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
МИТРЕ: Како да не, сме зеле. Маживме, ќерка, купивме некое нивче, оваа куќа ја направивме...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Принуден сум да си противречам за да го избегнам поводот за сопствениот вкус.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа дали господин Mutt (псевдонимот на Дишан за таа прилика) ја направил „Фонтаната“ со сопствени раце или не, не е важно. Тој ја ИЗБРАЛ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Без да мора да посегнува по пиетет, кампот може да ја забележи трајната стварност на болката и да ја направи културно продуктивна, а со тоа да ја признае без да ѝ ја допушти моќта да ги урнисува оние што ги снаоѓа.224
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чепкаат во тоа што го поминале по планињето, без престан ги бараат виновниците за изгубената рака, нога, големите лузни, за опустошените села и уништените куќи, за осакатените и загинатите, за изгазената верба и лажните ветувања, за удолницата што ни ја направија многу стрмна и по која сѐ уште не сопираме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бугарите пак станаа русофили, но тоа го направија не со чисто срце, а за да ја направат руската влада орудие на своите интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
64. Бугарија, како покојниот српски крал Александар, се објави самата за полнолетна и зафати самостоен ред глупости што се наречуваа од неа самостојна политика: Ги разруши арните односи со Русија и го повика Стамболова тој да ја предаде Бугарија во рацете на Тројниот сојуз и Англија, и да ја направи нивно орудие против Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
22. “Комитетот не сака да ја направи Македонија бугарска; тој сака правина за сите Македонци, без разлика на вера и народност”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наметката што ја направиле научниците има можност да ги сокрие тродимензионалните објекти, то ест има можност да те направи невидлив.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас не те пратив кај неа... (Покажува со глава кон кујната каде што се наоѓа Неда.) ... јас не те пратив кај неа да изигруваш некаков сентиментален глупак, туку да ја направиш зависна од нас и од нашето молчење. И не играј си со главата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ПОП ЈАНЧЕ: Може. Без церемонија и врева. Гозбата друг пат ќе ја направи Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Само што ја направи оваа брза анализа пред вратата се појави ведра жена во полн налет на зрелоста чии телесни атрибути кажуваа дека држела до себе , ни грам вишок килограми, ниту една брчка на лицето; веројатно негувано со скапа козметика, помисли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И тоа беше некоја негова способност да ја направи поднеслива секоја случка, да ја исуши и претвори во бескрајно зборување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И можете да си претставите каков впечаток направи мојата реч, дури и на моноклесијата, која намерно стана по пауза од еден ден, што бев ја направил предодениот ден, кога настојував собранието да се претвори во моноклесија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во истиот миг стана и тој, го досигна одликувањето од перничето и застана пред Софронија; пред да му го обеси одликувањето на гуша, му соопшти, не без искрено сочувство, дека неговиот брат носителот на спахиската титула, Георгие Акиноски - Алах да му ја направи миризлива земјата - загинал во бојот со Австријанците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе ја направам од железо и тоа ќе биде највисоката кула во светот“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Момче, верувајте ми, сега не смеам ништо да ви кажам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми текнува како реагирав за една манекенка што одеше со човек од другата вера. Ја опцув и ја направив подолу од пепелница.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ја направив во моето село, 1912. година.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Некој му носи понада не од почит кон него, ами кон смртта што го чека и него; му носи што е најубаво за јадење за да му ја одоброволи смртта и да му ја направи помила, зашто животот си оди и како да си го проживеал: добро или лошо, среќно или несреќно; сиот живот е само еден миг: мигот на умирањето: во него сѐ е збрано.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Рекламен простор за клаустрофобични реклами Извежбана рамнодушност, како извинување за грешка која не си ја направил.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Како трето: ќе можам да си набавам куче кое ќе спие на тераса, и така конечно ќе можам да ја направам единствената здрава работа носејќи го кучето во парк, наместо да решавам загатки од стари списанија, посакувајќи го најновиот број.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се смета дека палестинските водачи тогаш ќе ја направат историската грешка поставувајќи услови за нивното учество, односно на тој начин влегувајќи во играта на Хенри Кисинџер, кој маневрираше зад кулисите за да ги исклучи од историскиот процес едновремено и Организацијата за ослободување на Палестина, СССР и ООН, да ја заклучи Конференцијата во Женева за да се појде по политичкиот пат на решавање на судирот, чекор по чекор , што одеше во прилог на стратегиските интереси на САД во однос на мирот и заштитата на израелските интереси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогашните моќници во светот, генералниот секретар на ООН Курт Валдхајм, Кисинџер и Громико, министри за надворешни работи на САД и СССР, беа во принцип согласни за среќна разврска.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За тоа време можат да бидат поставени ракети натоварени со атомски бомби на сите стратешки точки; на крајот сите тие ќе бидат испукани истовремено, со толку разорни резултати, што ќе ја направат одмаздата невозможна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа, со движење што беше речиси сосем несвесно, ја туткаше оригиналната порака и секоја белешка што тој самиот ја направил и ги фрлаше во дупката за сеќавањето, за да бидат уништени од пламенот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А беше богата и писмена и тоа ја правеше наперната и осорна; беше и разгалена меѓу деветте сестри и единствениот брат, кој пак за несреќа, доведе за жена една божја бубалка, Паунка, од селото Булачани, која ѝ се плашеше толку на Тодора, што везден ѝ се тргаше од патот и ја направи оваа уште посурова.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој одеше на риболов и се враќаше од него, броејќи ги часовите до сонот: се надеваше дека сонот ќе му ја открие со тајни знаци неговата иднина и болката ќе му ја направи потапа: ако е Атиџе болна, колку е болна; ако пак е здрава, кога ќе ја види?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш ја направив фотографијата од внатрешноста на куќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Во училиштето барај алфа, бој се, вели, од грчкиот јазик! “ Слично на тоа и Св. Кирил ја направи првата буква аз.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Новиве технологии се обидуваат виртуелната реалност да ја направат помоќна од вистинската реалност, што е вистинска несреќа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Една за владиката, таман три. — Ја направи дедот Петко сметката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На гробот му ја ставија бистата што си ја направи. Луѓето ја гледаа бистата и се восхитуваа на неговото мајсторство: изгледаше како да е жив Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
– Мислам дека ќе нема потреба да те потсетувам - ме предупреди тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Рече дека идната визита ќе треба да ја направам по три дена. Во понеделник. Во осумнаесет часот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја тутнав униформата во машината со центрифуга што ја направив во работилницата на моето деветто одделение таа година, потоа ја вклучив.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
ЕФКА: Слатка сестро Кево, ако ја направиме таа работа, манастир ќе направиме! (Си оди.) Манастир!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: (Ја испраќа.) Манастир, сестро, манастир! (Се враќа.) Завали Томче, како да му се претскажа нешто.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кој ѓавол те натера да му ја направиш оваа белја!? - викаше татко ми. - Па ти, тате ... - Јас? - Нели постојано зборуваше ова куче за куршум плаче ...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„А зошто ја направи тука?“ „Затоа што тука ми е мое место, останато од дедо, прадедо”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Куќата горе ја направи уште татко му додека беше жив; го купи лозјето што беше на самиот врв, а потоа почна постепено да ги купува и другите лозја и бавчи, да го освојува брегот и да пати што не успеа сиот да го купи, да стане негов господар; со преселувањето на ридот, тој ја виде и можноста да се оттргне од луѓето, да се обгради од сите зла и несреќи што го зафаќаат селото; покрај тоа, тој одовде, од овој брег, можеше многу поубаво, појасно и попрегледно да го набљудува небото и ѕвездите, што му причинуваше големо задоволство.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
(Ѓ) со склоност кон експеримент, помеѓу другите начини на нанесување боја, „дубеше“ на глава за да ја направи Кожа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гимназиски денови. (Нема начин тоа да се направи пред 1955.)/. (Ѕ) се занимава со јазикот. (И) со сакраментална структура (Тенисон). (Ј) прави планови кои не можат да се изведат. 188 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Физичка и метафизичка непокорност. Дали тоа би можело да биде корисен предмет?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На трпезариската маса на која немаше ништо оставив ливче со лого од конференцијата на кое пишуваше „извинете“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сега ќе ти донесам торта - специјално за тебе ја направив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И така сега да ја направиме сметката и ти мене да ме исплатиш и со здравје пак да си поможиме, нели?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во паузата што по овие зборови ја направи, авторот си рече: Сега дојде моментот кога заради рамнотежа ќе ги репне левучарите во корист на грчката десница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама така ќе ја направиш таа работа што тој да запамети оти што пред тргнување на војна легнал со тебе. Мутлак треба така да направиш, ѝ рекол.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја притисна на градите и си рече во себе дека треба да биде претпазлива од тука натаму, приказната да ја направи поуверлива и никој да не може да ја расколеба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ден ја направи ноќта, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оди малку побргу, вели, и песната ќе ја направиме валцер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овдека ме боли, вели, ми е страв да не ја направиме поголема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На тоа му се свртев, со мојата најлоша фаца што некогаш во животот сум ја направила и му реков: - Тргни ми се од пред очи да не те гледам!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Саше беше дома. Седеше на терасата под густата лозница и уживаше во ладовината што си ја направил прскајќи го долго дворот со црево.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И јас утре заминувам на одмор. Одам во Охрид – рече тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, тамам почнав да мислам кои градови и држави сум можела да ги научам играјќи ја играта, а да се поврзани со Индија се сетив на првата грешка што ја направив со Игбал при запознавањето и решив да му признаам: - Не знам ништо за Индија – реков искрено и олеснително здивнав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)