ја (зам.) - накриви (гл.)

Леонард Мид ќе запреше, ќе ја накривеше главата, наслушнувајќи и погледнувајќи, а потоа ќе ја продолжеше прошетката без ниту најмал шум.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Професорот молкна и ја накриви главата на едната страна. Наслушнуваше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја накриви главата и ги стисна дланките в земја. Не се исправи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој зачудено ја накриви главата и ја извади цигарата од уста.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Вие се познавате?“ „Малку“, чу Отец Симеон и виде две лути зрнца пипер во очите на Ивана; жедно слушаше: „Тој мисли дека јас сум го довел овде.“ „Разбирам“, ја накриви главата старчето и пак спласна зад масата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Која вера јас да чувам? Цел свет си ја накривил капата, само ние шетаме голгаз по сокаци и ја чуваме верата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)