Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Токо, чекај да те прашам: шо вели он, на шо ниет е, татко му шо му рекол од ка се врати или ошче крши жегли? — праша Неда и ја моли Тода да ја поучи како да се држи при оваа прва средба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Виде ли или си чул некој да ја моли власта за тоа што моли в црква? Не! А знаеш зошто?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ја молам судбината милозливо тоа да ми го дари“ - се утешуваше сам со себеси. Кон средината на декември, „белиот ангел“ пред кој генералите требаше да стојат простум, го промени своето војничко со цивилно одело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јас бев упорит. Ја молев.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сакав да ја симнам сликата од ѕидот, да ја бакнувам да ја молам за прошка за сето она што почнува како поинаков живот од утре.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Утринава го прашувам монахот: - каде е сестра Ефимија? - зад молитвата е, вели, коленичи пред Света Дева и ја моли да го надои јаренцето што се врати болно од пасење...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше вљубен во девојката Теменуга и, при тие епилептични напади, постојано ја молеше да му даде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Којзнае кај ја гледаше и како ја гледаше Теменуга, ама ја моли, на клепки ѝ се обесува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја молам Оливера да се вратиме, да го побараме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сигурно ја молела да ѝ ја остави Ники.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја молеше и Татјана Перипелицина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Гладот ќе те натера и смртта да ја молиш, и од неа да питаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тропаше Полин на вратата, ја молеше да влезе внатре, но таа не отвораше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Послушај ме – ја молеше. Излези! Само овој пат!
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Да даде Господ и Богородица Мајчица, да ни се вратат - се крсти баба Петра и со раце крстосани ја кажува молитвата, до трипати ја моли Богородица Ѕвезда да се врати со мајка ѝ и момчето што го заљубила.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ги менуваше брзините барајќи ја соодветната и ја молеше да издржи барем до врвот, а потоа по удолницата белки ќе ја издуваше пречката и со порамномерен ритам ќе ги довлечкаше до дома.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сега, тие исти соседи, на кои им беше најпотребна во невремето, ја молеа да појде со синот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Бидејќи имаше кино-проекции и во неделите, Мајка одеше понекогаш да работи и прекувремено, макар што Татко ја молеше барем тие денови да си останува дома.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ни се налути нешто, велам, нешто многу ни се налути и си отиде. Ја викав, ја молев да се врати, велам, ама не се врати.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Клекнувам пред кравата, и неа ја молам. Ја стискам за вимето и ја молам. Се мачам да измолам, да црцне колку за иљач. Ама ништо не пушта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сега почнувам и да не се плашам и да се плашам. Што е ова со мене, си велам, до преѓеска се молев да ме убијат, до преѓеска ја молев смртта, а сега смртта почнува да ме потплашува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа ме моли да ја оставам, а јас ја молам да пушти барем една жичка, колку да им го наквасам јазичето на децата. За лек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)