- Белуш, кути, кути! - го повика старецот. Кучето се доближи и ја лизна подадената рака.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ќе откопаат малку земја, ќе ја лизнат и ќе ја плукнат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Еве го, ене го, Петре си ја лизна опашката, и куц-куц, ајак-ајак, заборави по што отиде, а само запамети каде оди.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Само уште неколку минути и јазичето ќе ја лизне капсулата и темелите на златниот Молох ќе исчезнат во јароста на пеколот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јас ја обожувам баш лушпата. Кога ќе ја лизнам со јазикот ми се суши плунката и се наежувам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)