Сме те зеле у средина, можиме и да те сомелиме! објаснува Петра и за да го промени разговорот плашејќи се погрешно да не ја сфати Митра шегата, уфрла дека надвор излегол и Дине Бочаровски, на ава, ама и вреден бил, ја крпел бараката, во омјасот се гледало дека му е добро, ама дека првата ноќ не сме се покажале како луѓе, а и на добро излегло Вака барем сам си има кујќа! заврши Петра.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Зашивај конец за конец. Ја крпиш и крпата, и крпата за закрпата. Да не се гледаат месата. 105
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само си ја крпи, што се вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така, ја крпиме уште со зборови. Еден збор те фрла на друг, една мисла раѓа друга.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Поарно дај ми ја здрава, за да не ја крпам после. Војниците зајдуваат од смеење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така тој мачкаше платна што не се продаваа како слики, а таа ја крпеше живеачката што се кинеше токму кога мислеа дека им е убаво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)