Принуден сум да си противречам за да го избегнам поводот за сопствениот вкус.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тоа дали господин Mutt (псевдонимот на Дишан за таа прилика) ја направил „Фонтаната“ со сопствени раце или не, не е важно. Тој ја ИЗБРАЛ.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Да, ти ја избра топлата женска прегратка, наместо студената прегратка на ропската земја …
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Оној кој го избра мракот за да слезе по сокакот (а сокакот потсетуваше на извиткана јагула што ќе ја замати бистрата вода штом ќе го зграби пленот на езерското дно); Оној кој ја избра темнината на мрачниот сокак а не гази по калдрмата додека слегува и потсетува на молитва, на порака, или на нејасен збор од тајна болка; Оној кој го избра мракот и слезе по сокакот на посветеноста гласот ни го подари за да ни биде и поттик, и надеж.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Нашата голема возбуда ја запре татко ми кога тивко рече: – Чанга сигурно ја избрал смртта, или пак патот што сигурно води кон смртта, со малку надеж за спас, за излез од Калето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Козлето, кутрото, ја избра планината, слободата, се бореше јуначки со волкот, но смртта сигурно ја стигна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
потем се наслутува сѐ почесто
во глувиот ноќен јасник како слана
(во споредба со неа, снегот е мек и топол,
Господине)
во забраната да се верува
во чувствувањето срам да се признае
мечтаењето по неа и скришното вљубување
во зазорот и распрашувањето
за смислата на животот
(најдолгите чудења се загушени од банални спреги)
во сѐ поприсните признаци од сонот
- таму кајшто живееме однапред, повторно
и можеби безгранично,
таму кајшто времето не се мери
со просторни величини
и кајшто, конечно, не се дели
иако, да признаеме
навиката да живееме раздвоено нѐ збунува
сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме
да ја избереме спалната, креветот
да постелеме нови чаршафи
само за една, за наша употреба
купуваме ноќници за истата прилика
се тревожиме од наглите отворања на вратата
низ којашто проблеснува вселената
сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И крајот на Мајкиниот живот, кога ја избра самотијата во домот, со Татковите книги, содржеше нешто трагично и возвишено.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Си ја избра самотијата останувајќи како мало семејно сонце околу кое требаше да гравитираат малите семејства на преостанатите тројца синови и на ќерката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)