Улицата ја зафаќаше џагорење кое се збираше од попатните сокаци, од вратите и прозорците на овие остарени куќи, нагмечени од двете страни на улицата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Под прозорците миндер што ја зафаќа и целата десна страна, подреден со килим и перници.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Слепата Донка викаше од чардакот на нејзината куќа по луѓето да не ја остават сама, да ја земат и неа ако бегаат некаде, но никој не ја слушаше од плускањето на дождот; како што водата растеше и ја зафаќаше куќата, така и Донка бегаше од долниот кат на горниот и пушташе камен врзан на конец, пласкаше по водата за да чуе до каде е нарасната.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
На 12 февруари 1945 година, по договорот во Варкиза со помош на Англија, на власт во Грција доаѓа десницата и земјата ја зафаќа граѓанска војна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А Хитлер веќе ја зафаќа Европа, чумата се шири.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)