А кога мораше, просто си ја затињаше устата со раката и ја вртеше главата настрана, па и така чувствуваше непријатна миризма.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Капинка сака да се расплаче. Јас ѝ ја фаќам устата, ѝ ја затинам. Ѝ давам знаци да молчи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Доста истото го направи со Илка. Таа притури: како ја затекла Митра да му ја затиња устата на Толета да го задуши, а Нешка да ја попари со врела вода.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)