Вечерта, што со својата сина сенка лесно ја затемни долината, го затече момчето смирено, седнато врз начнатото тело на Јурукот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Лоши соништа ти ја затемниле главата. Таква глава не останува долго време на рамењата.“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Следниот миг сигурно минал облак преку лицето на сонцето, зашто собата се исполни со засенчена темнина и малото прозорче, кое дозволи да навлезе танка линија од светлина, му ја затемни мислата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)