ја (зам.) - запее (гл.)

Макар и Арнаутите да се бунтуваа по тоа време, оние Арнаути што беа на служба во државната администрација страшно ги мразеа каурите и жестоко постапуваа со нив во време на востанието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овие ги нарамија пушките и пак ја запејаа омилената песна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Загледан во островите кои како храмови се издигнуваат од морето, забележувам пролетта веќе ја подготвила тревата која зеленее и која чека некого ако си ја запеал - прекини ја таа црна алелуја.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Треба нешто да ми се стори ќефот на Петрета Даскалот, зашто по воие извикувања тој ја запеа „Еден билбил што пее во мај месец...“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но, ја запеа на микрофон „Ајде слушај, слушај, калеш бре, Анѓо“ и ги собра сите симпатии и ја побараа и на „бис“, како да е Виолета, и таа ја отпеа и „Кога си тргнав на туѓина“, а мајка ѝ се расплака, нејзе и Центар ѝ беше далеку зашто, нели, со „два реиза“ мора да оди на гости кај ќерка си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одеднаш се слушна звук на гитара и длабок машки глас како ја запејува „Саноќ седам Трено“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ми текна да ја запеам и ,Билјана платно белеше".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога минувавме, запревме пред нашата куќа, крај реката, и од силна радост, за да нѐ слушнат сите, ја запеавме песната што тогаш најмногу ја слушавме, а чија порака не ја знаевме и не можевме тогаш, а и подоцна да ја разбереме: „Америка и Енглеска биќе земља пролетерска!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)