Угнетената жена иронично ја заокружува неговата идеолошка аура во најдиректно вжештениот дуел, додека го опишува својот „гинеколог“ со одлики коишто на овој другиот, како шовинист, расист и антисемит, најмногу му пречат: - Тој е Евреин од Етиопија, мајка му е католичка, бил затвореник во Јужна Африка, црн е како пик-ас, а веројатно ја пие и сопствената урина! 40                                                          Margina #8-9 [1994] | okno.mk           
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 8-9“
              
              (1994)