ја (зам.) - гризе (гл.)

Ѝ се доближува загледана во полулегнатата девојка, подзастанува, некаков сомнеж ја гризе и кога се доближи на дофат на рака, застана, и се загледа во лицето и во очите големи и црни, молежливо вгледани со вкован поглед во неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А ние од двете страни во нејзино име јуришаме, паѓаме ничкум, со лице удираме во окрвавената земја, ја гриземе за да си ги олесниме болките, да испуштиме последен крик и здив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во срцето на дрвото, црвот Му ја гризе срцевината, Дрвото вене и темнее, Красти му ја смукаат топлината, Крај листот чучулига слета.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Се обидував да си ја дофатам опашката и да ја гризам, но не можев да ја дофатам зашто, за жал, немав опашка, ми ја скратиле славната еволуција и оние, таканаречени, културни придобивки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие паднаа во молк во кој можеа да си ја слушнат мислата, единствената мисла што им ја гризеше совеста исто како што црвот ја гризе срцевината на јаболкото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа се сомневаше дека нешто не е во ред, дека нешто ја гризе срцевината на ова дете.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но тој сосема ја изненади кога бргу, со само еден потег, ѝ ја отпетла кошулата, се наведна, ја пикна главата внатре и почна да ја бакнува, да ја шмука и да ја гризе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сум ја гризел и сум ја труел. Затоа е неподвижна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Море, крвта нејзина...”, свикува сејменот и ја легнува; почнува да ѝ ја кине кошулата и да ја гризе како куче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
(Му открива една дојка. Ја зема неговата рака и ја става врз дојката. Стево зашеметен гледа. Сара ги затвора очите. Ја гризе неговата рака. Ги отвора очите. Се закопчува. Пауза. Се гледаат. Без тропање, во собата влегува Сивиќ.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Напуштена е и ја гризе забот на времето и нема никаков белег дека во нејзината внатрешност некогаш се враќаше животот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во олтарот зафрлена во ќошот, ’рѓа ја гризе крштелницата и иконите ги јаде црвот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Очигледно таа не беше премногу израдувана, нешто како да ја гризеше црвец.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа, изгледа, го лути, го нервира, и од инает се врти и опашката си ја гризе.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Геа, со раскошни гради, мајка на сите створенија... била сосема сама по себе уроборос... змија која ја гризе својата сопствена опашка, алфа и омега...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Толку со гајдата, сврши нејзиното, вели, ќе ја фрлам на черен да ја гризат молци... Нека прават глувците седела, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)