Не ја бива таа работа, брате!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
– А-А-А-А! ОВАА НЕ ЈА БИВА ВАКА – се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба – покорност – или одбрана.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Додуша, за зимоиштето ја биваше повеќе и од Амдие, Разие и Селвие, и тука ибн Бајко си ја голташе лутината.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И бизнисот ако не оди, и плановите ако не се оствариле, и профитот ако испарил, и жена му ако го оставила, и син му ако се дрогира, и берзата ако паднала, и војнава во Ирак ако не ја бива - за сѐ си е виновен само тој.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)