што (зам.) - му (зам.)

Тогаш на Арсо му препиша да ја изедува храната што му се доделуваше секој ден - некоја сивкава посна чорба и пченкарен леб сличен на добро препечена цигла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Татко ми не беше премногу воодушевен од своето дело, се прекоруваше оти не употребил некоја од техниките за кои беше читал во еротските магазини што му ги носеше вујко му од Австралија, но знаеше и што значи за родителите машко дете - само проблеми и грижи, а богами, го имаше за пример шурата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но дури сега точно сфати што значеа нејзините тогашни зборови, а и сите оние други предвидувања што му ги кажа дури долги години подоцна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кому сега да му го подарам паричникот што му го купив да си ги става парите внатре, наместо да ги крие под душекот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме фати страв; се чувствував одговорна за сѐ што му се случува, и не знаев што да преземам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Разочаран од самиот судски систем, а и од целокупниот институционален систем воспоставен во државата, тој не ја гледа добивката од сето ова и вели дека во иднина, доколку би имал повторно прекршување на неговите работнички права, тој воопшто не би 239 покренал судски спор!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Арсо не ги слушна Павлевите уверувања. Тој презриво ја доближува батериската светлина до омразената рапавина што му застанува на патот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што убав брат имам, го гледав и си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури и од тоа што му е познато и јасно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја растера влажната сенка што му паѓаше околу устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чоколадите што му ги даваат на братчето ќе ги згорчува секогаш, а потем пак ќе ги прави слатки и тој ќе ги јаде.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Разбра и која е субашицата во харемот на кадијата; кој е евнухот кај каданите, што прават и каде живеат тие, колкава е заштитата ноќно време таму, и сѐ што му требаше за еден напад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Патот што му го зададе сега, беше сосем различен од оној по кој дојде и го одведе на сосем друга железничка станица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас го гледам, си мислам и се прашувам: - Мајката, што му е на човекот? Вчера беше здрав?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Ќути да не се врате да чуе па да не запале овде сете да изгореме, како глувци! — вели стрико му Куле и почна да го советува да не си го брка касметот што му го навеал господ, благодарејќи на милоста од бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Цветко, дај ја, братучед, ракијата. - Која ракија, братучед? - Онаа што му ја донесе цицлестата анама на Куно Бунгур како мираз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Па еднаш си велам: подобро што не знам, што не можам да ја погодам. „Стравот е страшен само за оние што му се плашат“ , си спомнувам на зборовите од Лазора Ночески и се враќам кај Здравко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние сме повикани пред историјата да исправиме една голема неправда што му е сторена на нашиот маршал Сталин: зошто, како што ви е бездруго познато, сите, од до вчера братските комунистички партии, неправедно му свртија грб на Сталин и на неговото дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, според зборовите на Х.Џ., и старото и новото раководство беа „лоши и погубни“ за работниците – затоа што на вработените, наместо плата им нудеа бонови со коишто можеа да пазаруваат прашок за перење „Гонг“ и други хемиски производи од асортиманот на АД „Охис“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А како причина плус за ова, покрај ликвидацијата,5 се јавува и смртта на сопственикот на СТД „Јасмина“ – со што настанува фактичка состојба, поради која не може да се оди понатаму со присилното извршување на побарувањето, кое иако правосилно и извршно, станува ненаплатливо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
— Ти ли си Бесното, ми вели, а мустаќите ко струни му свират и му светкаат од росата што му се нафатила на нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тачно знае кога е четврток (гарбиџ деи) и редовно ги отвара сите кеси со ѓубре, за случајно да не си фрлил нешто што му треба.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Заради нив отепа едночудо мачки, ласици и змии што му ја опседнуваа куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едно лесно го отфрли злонамерниот дел од неговата сугестија, но не пропушти да го прифати делот што му ја дополнуваше веќе крокираната претставата за Петра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во татковата свест, додека слушаше, јагулата ја водеше неговата мисла, понираше во неговата потсвест со цел да ги помири противречностите што му се наложуваа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Почнаа да ми се враќаат сите негови црти на лицето: густите веѓи, танкиот нос, кусата вилица, сините очи, неизнудениот патец на главата, широките мустаќи што му паѓаа преку устата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечерва, посилно од секогаш, со болка почувствува дека среќата не е надвор, вон оној круг од печати што му ги врезаа во душата оние што ги остави; од кои побегна сурово, лекомислено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сличен на мудроумен и видовит старец, збрчкан од тежини што му ја притискале преморената душа и бушав од игра на ноќни ветрови, Лозан Перуника дошол на испотен шарколија и ги избројал пред насобраните луѓе и жени гробовите што живите од дружината им ги ископале на мртвите: останале патем рабите божји Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јанко Крстин, Пеце Димовски, Борис Калпак, Симон Наконтик, Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Пандил Димулев, Никола Влашки, Сандре Самарија, Самуил Пендуш, Филип Макариев, Никифор Ганевски, Илчо Просинек, Каменчо Скитник, Орлен Шумков и Јаков Иконописец, кои со ранетите Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев можеле да бидат прогласени за дваесет свети и пресвети маченици, безбедниот Јаков Иконописец, без тој апостол со душа на вероизмамник од чиј оган горел Круме Арсов (ако починал, бог да го прости), и отишле или бегале од дружината Васко Тушев, Цуцул Мицковски, Осип Сечковски, Салко Вадидуша, Трипун Караѓоз, Гидоен Кузмановски, Блаже Задгорец, Марко Марикин, Пане Долгманов, Кирил Сукаловски, Јордан Шоп и последниот, сѐ уште негде на пат, Спиро Првославец, ако е некој виновен - господ нека му суди и се враќале со камења за неколку воденици и со тројца ранети Онисифор Проказник, Јован Стојче-Столетников, Герасим од Побожјане, Богдан Преслапец, Лазар Аргиров, Наџак-Јанко, Арсо Арнаутче, Цветко Грнар и Богоја Гулабарин, споулавен и зол колач на беспомошен раненик, и еве го него, Лозан Перуника, гладен и жеден гласник, од чие бавно и тешко редење на имињата до бога раснеле тажачките на жените и плачот на децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Задоен со старински сфаќања за бракот и семејството никако не го прифаќаше тоа што му се зборуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лелекот на селата го извлекол тогаш ајдутот Парамон од тајна пештера во која се криел а пред тоа со нож ја убил мечката што му се испречила на пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше О'Брајан што му прозборе од Темнината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Векот време седевме и си зборувавме за бакрданик, за палеж, за варена тиква. Кому што му се јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога уште некое време некој ќе го спомнеше, тој не велеше го прости Господ Илета Вегов, туку велеа - „Забара, којзнае што му се случи на Брчалото, како в земја да пропадна, а можеби и волци-врани го раскренаа...“ ***
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Вујко сум ти, Онисифоре. Не смееш да кренеш рака на набожниот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дали од своите зборови се онесвести или од крвта што му ги поплавила панталоните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак, пред да заноќи се случи нешто чудно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беше една долга француска карабинка, исто како онаа, што му ја оставија нему, само доста понова, а стариот ја држеше цврсто припиена по целата должина на своето тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му се дожали на татка му што му е детето така невесело и сожално го прегрна Мартин тој час удри да плаче, да се тресе целиот и одвај да вели: - Тате, сладок тате... децата... децата... јатаче ме викаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја извадив онаа негова фотографија што му беше останата од неколкуте што ги имаше направено за пасош, а не му се допаѓаа, оти не бил убаво излезен на нив, па ги имаше скриено во фиоката, никој да не му ги види, ја извадив од фиока и ја ставив пред себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Има чиста кожа со боја на непечено кафе и широки црни мустаќи што му се надвиснале над влажните усни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Идејата што на Едо писателот му падна на памет при средбата со својот истоименик, не само што му се допаѓаше туку го правеше и нестрплив што поскоро да ја оствари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дополнителен отежнувачки фактор за едно невработено лице да ги земе паричните средства што му следуваат со добивањето право на паричен надоместок е воведувањето на можноста времето на примање на паричниот надоместок да се скрати ако врз основа на авторски договор, вршење на занаетчиски и други работи или на некој друг начин се здобива со приход, кој месечно не е поголем од 80% од просечната месечна нето плата по работник во стопанството (чл. 79, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Рано изутрината тој се упати кај началникот; но му беше кажано дека спие; тој дојде во десет – пак му беше кажано: спие; тој дојде во единаесет часот – му беше кажано: па началникот не е дома; дојде за време на ручекот – но писарите во претсобјето никако не сакаа да го пуштат и на секој начин сакаа да дознаат каква е таа работа и која потреба го довела и што му се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За гозбите денешни што да прикажуваме: тие беа нарачани сношти за педесет души аскер, за два чауша, пет онбашии и еден муљазим, а сега ги јадоа само шест души Толева дружина и седум членови од новиот комитет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имаше нешто што му недостасуваше: дискреција, воздржаност, еден вид спасоносна глупост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од сандакот ја извади половината од храната, што му беше останата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се доискашла вриејќи од лутина што му се смеат и со оврлени очи им свика на децата: Што се клештите?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога веќе еднаш ќе се врати?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одвај го распозна чуварот. Неговата фигура ја виде чудно изменета во трепкавата светлина од фенерот што му се лулаше во раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зашто само со такво сознание можеш да се спасиш од она што му се случило на Форест Гамп - да те лансираат во вселената заедно со жена - типична феминистка и женски мајмун-орангутан како необични примероци на човековиот род од планетата Земја.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Гледав по расцутениот кантарион што му се нишаше над главата, ко запалена свеќа. „Ако се смешаш со змии, велеше дедо, не можеш друго да бидеш.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секогаш се трудеше во секоја од нив да го стави токму она, по што беше посегната таа, а многу често притоа знаеше да забележи дека всушност и тој има едни две сосема исти како оние раце, тоа беше добро видливо секогаш, кога ќе ги добереше до нивните раце што бараа, своите, што подаваа, а после мислеше дека е и тој еден многу сличен човек на сите овие луѓе, што му доаѓаа и со кои работеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Е, потера, потера. Зошто и носиме вие пустињи, лели за тиа потери? — одговори Толе и ја удри по кундак новата манлихерка, што му ја купи Јован во Софија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во книгата се открива еден телефонски разговор меѓу Џорџ Буш и Ариел Шарон од 14 јули 2004 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По оваа егзистенцијално безизлезна ситуација за него и за членовите на неговото потесно семејство кое го издржува, Х.Џ. неколкупати се обраќаше до неговите претпоставени и од нив изречно бараше да му се исплатат платите што му се должат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работејќи со секретарот на Заедничкиот генералштаб, бригадниот генерал Валтер Б. Смит, Донован разработил план да го стави СОИ под Генералаштабот, но да ја задржи својата автономија, а за возврат добил воена помош и пристап до сѐ она што му било потребно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
— Добро, штом велиш, вели со глас што му се намалува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги прифаќа и тој шишињата што му ги тутнуваат в раце и одлево и оддесно, им прави чест на добродушните селани, лизнува по малку од ракијата, а тие гледаат на сите начини да им угодат на гостите од градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И така: згоре-удолу, Џемо полјакот го враќа дома. Ја спружува пушката во скутот и бара зелник со кисело млеко, бара што има и што нема. Сѐ што му сака газот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајката, си мислам, што му стана, голема фатка имаше во работата. - Ти, Мирче, нешто си непара арен, му велам еднаш. Нешто си невеласен или нешто те мачи, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Е, тоа што заклучила дека си паметен и воспитан, згрешила, - згрме Мечка со гласот што му мутира заради пубертетот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чоколадите што му ги даваат на братчето ќе ги згорчува секогаш, а потем пак ќе ги прави слатки и тој ќе ги јаде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој немаше никакви поплаки. Не зборуваше ништо.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Прва мисла што му се родила била, кога ќе дојде времето, да одмазди за татка си.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му беше добро, но денеска се случи нешто што му го разруши мирот и го застави да го стори она одошто најмногу се плашеше: да побегне.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Свесен дека го бие глас на слаб или никаков педагог (сега измислија и нов збор - методичар), Гого не му се мешаше многу во учењето на синот што му беше пошол по стапалките, освен што со едното око ќе ѕирнеше во неговиот блок - да види до каде е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- „Стравот е страшен, велеше Лазор Ночески, само за оние што му се плашат.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги читаше Мил книгите од учителот, ги потцртуваше и ги препишуваше оние мисли што му се допаѓаа: „Науката се засновува на идеи“.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нека се замрачи, ќе одиме понатака да бркаме работа — одговори Толе, придржувајќи се на упатствата што му ги даде Бешот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што му е, ќе прашам јас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цане имаше еден недостаток; не слушаше што му се говори и одеше само по своите мисли; затоа уште го викаа и „Шиник глава, стодрам мозок“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас не знам што му стана нему.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Холанѓанецот на сето тоа толку многу ликуваше, просто лицето му светна од среќа како да не ми се одмаздил доволно за тоа што му го сторив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Му го спомнав само оној дел од разговорот со Ристе што се однесуваше на Маџунката од Криви Дол; за мајсториите на Маџунката во правењето на ковчези; а патем ја спомнав и последната желба на мртвиот, како и иштавот на покојникот што не смее да се погази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имаше пред себе сѐ, што му беше потребно; имаше едно одлично време, што му носеше многу, премногу вода, а тука беше и таа здивена машинерија, која беше готова да му се потчини и на најмалото движење на неговиот мал прст.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ќерко, тоа беше последен пат да те молам да ме следиш на пијано. Се изрезиливме.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Детето не излегува од дворот. Само понекогаш кога истрчува по топката што му бега преку оградата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа влегле во големата просторија во која во два реда кревети лежеа педесетина жени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Кога ќе ви притребам пак, дојдете!“ — и ги прибра трите половини лири што му ги дадоа за преврската.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, за сето време тој не забораваше да забележи и по некое познато стебло, по некоја позната делканица од секира во корубата од тие дрвја, секогаш држејќи се за нив, како за единствената нишка, што му беше негова низ таа наеднаш толку многу туѓа шума, свесен дека тука некаде во близината на неговата трага мораше да поминува и патот, по кој луѓето од нивното село одеа или се враќаа од Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наметнат со долга гуна, што му се спушташе до петиците, стоеше пред него Гоце и го гледаше со својот огнен поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Казната на џезата, на тој див закон (отсекогаш право на неколцина старци) да се глоби, дури и да се тепа и да се претепува виновникот па и со негова крв да се мие срамотата што му тежи на селото, ја зел во свои раце Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Приказната на Јаневски, донекаде, има неуспешен крај... Тој не ја доби оштетата што му следуваше и му беше досудена, ниту пак доби ново работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако ја изеде својата порција шпагети со сос од патлиџани, грашок и шампињони, од салветата што му беше приложена до чинијата направи десетина мали топки и со некаков ластик кој на кој знае кој начин се најде во близината, се обиде да го гаѓа својот пријател сликар, на што овој се навреди и побегна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Стиска со очните капаци на очите и го грчи лицето од болот и тагата што му иде од внатре.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога видел сѐ што му се носи, тој Чук Нам се насмевнал со очите коси: - Сето јадење дајте го на гладните од Виетнам.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му ја кревам главата, му ја бришам устата од крвта што му се потсирила и го бацувам в лице, в уста, му ја давам душата моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На деда си ни збор не му кажа за тоа што му се случуваше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Погледна во ќостекот што му беше свадбен подарок и кој сега го мереше времето во неговото одајче, закачен на шајка над неговото зглавје, но во густиот мрак не можеше ништо да види.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
После едно труење што му го загрозило животот почнува да слика религиозни слики. 1911 го запознава Џемс Енсор чиишто слики на маски вршат врз него, љубител на демони и тролови, трајно влијание.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сака да ја запали и цигарата што му стои на увото, ама нешто го запира, не му дава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој нема родители. Тој му припаѓа на она што му ја заплени душата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А, сега уште и тоа, состанок! Што му требаше таа беља? – се јадосував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Оти и така седам без работа, - имаше обичај да рече со израз на човек осуден цел живот да се чувствува должен за доброто што му го сториле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Немаше време за прашување, вели Јон и ги откопчува кикиришките што му висеа на предниците од палтото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако му се дозволи контакт со странци, тој ќе открие дека тоа се суштества слични на него и дека повеќето од она што му е кажано за нив е лага.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да мисли, да мисли, дури и во ова делче од секунда што му преостанува - тоа му беше единствената надеж.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бошко се стегаше, но сакаше да го прави тоа, мислеше дека му е доста она што му го дава Луман, но со времето навикна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во таква ситуација, Рузвелт ја поддржал идејата СОИ да се приклучи кон Заедничкиот генералштаб.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така и сториле. Она што се спротивставувало исекле и изгазиле со бесни коњи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што му фали на стариот си реков, па потоа се сетив дека целото столетие, што скоро привршуваше и во кое д-р Астерид го напушти стариот континент беше еден век на истоштувачки војни, непријателства, судири, тортури, масовни истребувања и човечки страдања, невидени дотогаш.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дали нешто нагази или нешто го начара, дали некој му наврза нешто, којзнае што му стана за да не може да си легне со невестата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На Даскалов не му спомнав ништо ни за фирмата Декоратер што му остана на Ристе како наследство од реализацијата на сценографијата за едночинката Аналфабети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И заплива полека во тоа, а неговата тврда корупка, што ја имаше и тој, како и секоја семенка, околу својата свест, почна сега да се отвора со една речиси неосетна спорост, низ која сепак имаше токму онолку, колку што му беше потребно простор за да се подаде и да поникне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На натрапникот што го имав забележано повеќепати се сетив дури идниот ден.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакаше тој час да ја истури пред татковите книги сета насобрана зборовна материја, сѐ што му се напластило во душата, откако се видоа последен пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одеднаш Трајанка изгледаше како да се покајала што му се насмевна и му сврти грб на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но сепак, со задоволство ги зеде денарите што му ги понудив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Замислено гледаше во пејсажот, копнеејќи по некоја глетка - изненадување: змеј што блуе оган во низок лет над нивите, пуфкајќи чад и притоа испишувајќи го на небото нејзиното име, или автостопер вонземјанин, со антени и влажни стаклени очи што на чист македонски бара превоз до најблиската бензинска пумпа, не заради горивото туку затоа што му се пријале Квики-гриц.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- И не подбуцнувај. Мал си да те запопиме и да те слушаме кога да се смееме и кога да плачеме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас му ја држам дланката до гушата, му ги начекувам капките што му се враќаат од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како на дете што му никнуваат заби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Она што му паѓаше најтешко во тој момент беше свеста за сопствената интелектуална инфериорност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не ја разбрав што му кажа на момчето од другата страна на шанкот, ама, за минута-две, добивме по дупла вотка со мраз и лимон.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За попладнето имав договорено да играме „народна” со другарките на “Плавата уличка” и очај ме фати кога помислив дека тие ќе играат, а јас ќе треба да седам на тие наши глупи состаноци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Првиот пат, Мирон Донски не го прочитал предлогот за одликувањето што му беше поднесен за парафирање.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се наведна над лицето, замрзнато од леден, црн удар, и не најде ништо што мислеше дека ќе најде - еден свет на тој човек, едно движење во просторот на продуваното време, сѐ она за што му говорел тој во темните крчми: детска играчка на изгубеното чедо, тажен кловн со плачни очи во тоа барутно време, некакви Марии со црвени искри во коските.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ах, - пристори Луман и од бес што не ќе одмазди за својата смрт, со последните сили што му останаа во снагата, замавна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Наеднаш, преку негова волја, во зборовите му се проткаа непозната тага и чувство за човек што му ја отрул душата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Нели, чудно е тоа задоволство што те обзема кога ќе го пронајдеш негде во дворот магаренцето што те донело дома здраво и живо, со сите твои делови - беше оптимистичкиот заклучок што му ја поттикнуваше срамежливата среќа на Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потполното побудување на виртуалниот објект се распаѓа на сили што му соодветствуваат на парцијалниот континуум, на брзини што преминуваат низ иситнетиот простор.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не знам што му е намигнувањето со очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И навистина, дедот Стале го зеде малото Пеце под рака и осумнаесет години го главува момок на манастирот за по шест товари 'рж, две лири пари, опанци и храна да проси по селата за истиот тој свети Илија што му ги прибра нивчињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секс, дрога и рокенрол. Секс немаше никаде, освен во неговата парола, ама затоа пак, имаше премногу од останатото, знаеше точно како да го компензира она што му недостигаше.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со компирите што му останаа ја нахрани Стрела, која, сѐ уште исплашена и истоштена, лежеше крај огништето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А таму: ем мапет, ем шоу: една наказа пее „Манамана“, опкружен со две суштества што му прават „Туту- туту-ту!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Шарон го информира Буш дека повеќе не се чувствува задолжен да го одржи ветувањето што му го беше дал во март 2001-та дека нема да го гиба животот на Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Требаат дрва, треба храна за добитокот, за кучињата, за мене! - се слушна Бојан себеси како зборува, како сам си одговара на бројните прашања што му се роеја во мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А Славчо си мислеше дека Сурко разбира што му се зборува, па затоа приказните што ќе ги чуеше од баба си му ги раскажуваше нему.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ете така Луман се распаша по Битолското и сега префрли и во Брзница, го натера деда Бошка да му биде јатак и прво што му нарача беше овој по село да му собере по лира од куќа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)