што (зам.) - ве (зам.)

Веројатно имате семејство што ве чека: жена, деца...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Внучиња, едни тагуваа што ве немаат други што ве оставаат и потоа заедно легнаа под мене мракот мој да не го видите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тој, кој ја има сета моќ, праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и што ве мачат!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Каква среќа што ве сретнавме, велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Тоа е оној мој проблем што на сите ни виси над главите”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што тогаш го изрече мене ми се допадна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Посебно ми падна в очи онаа негова реченица што ги избриша сите мои сомненија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Знам што ве мачи”, повтори .
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За доброто на вашето село, како и заради безбедноста на власта што ве штити, секој чесен човек е должен сѐ да стори за да се фати овој злосторник и одметник.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И наставникот што ве учи почнал со А, и лекарот што ве лекува почнал со А.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Така е достигната центрифугалната, ексцентрична точка, во која движењето создава празнина што ве апсорбира.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)