Ќе вршат насилства над нашата женска челад; очекуваната жетва по полињата ќе ни ја испозапалат; луѓето ќе ни ги распнат на страшилата по овоштарниците и така тие ќе се претворат во храна за гавраните.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тројцата браќа почнале сомничаво да се гледаат, внимавајќи врз незавршениот ѕид да не падне ни нивната сенка, зашто кога нема друго, тогаш во градбата може да остане душата на оној чијашто сенка в мигот ја заробила градбата умира како несреќник кого што го погодиле љубовни јадови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)