чијшто (зам.) - потекло (имн.)

” Овој навод (чиешто потекло пак не беше лесно да се пронајде) потекнува од славниот расказ на Борхес “Tlon, Uqbar, Orbis Tertius” со кој почнуваат Измислиците (1944).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа е дојдена со мајка ѝ, една самохрана жена од Казанлак, којашто почина веднаш по нивната свадба и за чиешто потекло не успеа да дознае ништо подетално и покрај неколкуте обиди што дискретно ги спроведуваше преку своите колеги од министерството.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бидејќи Дерида нѐ предупреди на значајноста на ваквите надворешни, “гранични” елементи како што се епиграфите, накусо ќе ги разгледам можните значења на тие одломки од Борхес и Џојс во врска со “Платоновата фармација” како посреден начин да се изнесат некои согледувања за односот помеѓу Борхес и Дерида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)