чиј (зам.) - ќе (чест.)

- Барам да ми одговорите: ако влезе теле во нечиј двор, или јагне, или кокошка, или магаре, чие ќе биде тоа?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Ако седнеш до него и замавнеш со секалото чија ќе биде искрата?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Стар адет на Велигден да се кршат јајца и чие ќе падне — ќе се скрши — ќе му го даде на победникот. Не само децата и ергените, ами и по некој постар, та дури и старци си прават разонода со ова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој знае чие ќе ти подметнат. Ти си одлепил сто насто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Се согласувам, ајде да видиме чие ќе биде поголемо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)