Но потоа, не знаејќи ја изедов ли попарата, останав сам во полутемнина, без зачуденост што сум во куќа, чија и во кое село - не знаев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А тој ја сакаше татковината, ама не можеше да се разбере со командантот на логорот чија и која татковина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И земјата е болна кога синовите ќе ја заборават.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Востанието ни покажа оти ние Македонците не можеме да очекуваме помош од никоја од балканските државички, оти решението на нашето прашање е сето во рацете на големите сили и затоа нам и не ни треба да ги соединуваме и да ги замешуваме нашите интереси со чии и да се словенски интереси на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)