Тој беше член и истовремено претседател на независниот синдикат на железничарите при ЈП „Македонски железници“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
170 ЗАКОН ЗА МАТЕРИЈАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА ПОРАДИ ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА СО ДОМИНАНТНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2000 ДО 2004 ГОДИНА Овој мошне краток и ad hoc донесен закон, чие целосно име е невообичаено долго и гласи: Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (2008), 1 беше наменски донесен, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои, всушност, беа и вистинските жртви на неуспешната транзиција. 2 Се работи за посебен закон (lex specialis) со којшто се доградува регулативата од општиот закон за оваа материја – а тоа е Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (1997).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Овој синдикат, чие целосно име беше Независен синдикат на сообраќајниот пер- сонал на железничарите на Македонија, а од 2005 се преименува во Асоцијација на независни синдикати на сообраќајниот персонал на железничарите на РМ – „Железничари“, уште од порано т.е. од самото формирање не беше и не е дел од ССМ и дејствува сосем самостојно и независно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)