Во тоа тројство на судир на интереси, стратегија и политика, а чија единствена заедничка цел бил поразот на фашистичкиот окупатор, се одвивала политиката на Велика Британија кон Југоисточна Европа, Балканот и пошироко.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Жилберт&Џорџ: Не се сеќаваме, но тој вели дека после Русија нѐ прашал „Па, каде сега?“ и ние сме одговориле во еден глас: „Кина“.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Нашата куќа како да стануваше прв козји универзитет на Балканот чиј единствен студент беше Чанга, а преку него и сите козари.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Курт Лифман од универзитетот во Мелбурн неодамна успеал да развие “електронски куп песок” во својот компјутер чија единствена намена е да ги имитира реалните песочни дини што биле изучувани од Шмит и Новосад.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Несфатливо многу го одбиваше тој безкрупулозен, ладен деспот, чија единствена опсесија беа парите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Или го прифаќате размерот на нивните амбиции, нивната само-декларирана желба низ сопствените слики да ги преобразат гледачите, а потоа и светот, или пак останувате надвор, гледајќи ги како карикатури, комични повеќе одошто космички уметници, чија единствена цел е провокација.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сепак, не забораваме дека во оваа опчинувачка, загадочна формула на опстанокот, луѓето-змии не ја поседуваат само моќта да се преобразат од еден во друг прекрасен облик на животот, туку и чудесната дарба да се вратат од конечната бездна откаде што повратокот нема за оние чиј единствен лик е човечкиот, дури и за чудотворците како веќе спомнатиот Асклепиј, кого гневниот Зевсов гром го спржи токму затоа што се осмелил да воскреснува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)