чиј (зам.) - ѕид (имн.)

Навистина, во ѕидот што ја оградуваше Дупка од горна страна, од кај шумата и од кај дивината, имаше вградено едно четириаголно куќиче кое однатре беше сето исчадено и на чии ѕидови имаше остатоци од црвени и модри бои.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Високите тесни улички, портите и дворовите на чии ѕидови се залепиле бршлените, носта печат на едно време што е испреплетено со легенди.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Винстон не можеше да се сети дека некогаш видел ходник чии ѕидови не се измаслени од допирот со човечки тела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Внатре е освежувачко студено. Малку ми е необично што нема лифт, но патот ме води по еден надолен, мазен ходник, по чии ѕидови се нанижани некои детски чкртки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во доцните августовски денови, кога бреговите на Езерото се чудесно обележани од најубавите сончеви залези во светот, поети од светот бараат место во вечниот Парнас, само еден од нив доживува вистинска конгрегација, станува добитник на златен поетски Венец, а во катедралната црква Света Софија, му се приредува поетска вечер, како колективна молитва на поетската вистина на планетата Земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во храмот Света Софија, на чии ѕидови запрела светоста, летот на синиот ангел, како симбол на човековото вечнеење меѓу земјата и небото, потоа на поетскиот мост на излезот на реката Дрим од Охридското Езеро, на пат кон морињата на светот во далечната 1978 година се славеше враќањето од егзил на големиот шпански поет Рафаел Алберти, но и другото враќање од егзил на палестинските поети на чело со нивниот бард Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минував низ некакво мачеништво, низ предавање на нова мисијата, со истиот наивен донкихотизам, кој немаше кој да го потсмири, ниту Мајка, ниту Татко.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исчезнатото семејство, малата тврдина чии ѕидови беа дамна урнати и чија надеж остануваше само светлината на ѕвездите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На бината, на чиј ѕид висеше голем портрет на Маркос во воена униформа, со прекрстени ремени на градите и обуен во извиткани чизми (секогаш кога го гледав портретот ми се чинеше дека чизмите му беа валкани) излегоа тројца и еден по еден се претставија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)