Дали има таков чија топлина ќе биде доволно силна да ја стопи оваа санта мраз околу мене.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во тој миг и каменот се покрил со лилави сенки на соништа, под чија топлина луѓето пееле здружено восхитувајќи се од решителноста на жените - добро е, од такви мајки се раѓаат јуначиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го чувствував нејзиниот јазик, играта со врвот од јазикот чија топлина разлеана по непцето ме отвораше и почнуваше да игра со мојот јазик, да го поткрева одоздола, да го натиснува одозгора, да го шмука и да го голта длабоко во себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)