Сега, во овие околности, небаре против својата волја, прв пат ни ја спомнуваше својата мајка, закопана длабоко во нејзиниот лавиринт на тишината чии тајни тешко ги узнаваше дури и Татко.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Го зеде, покрај правните и адвокатски книги, старотурско-францускиот речник на неговиот албански сонародник Сами Фрашери, еден том од Енциклопедијата на Пјер Бејл, добиен како подарок, чија тајна за тоа како ја добил ја дознав на крајот од неговиот живот. И толку!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со Камилски патуваа и неговите книги, кои како да правеа од Балкан-експресот подвижна библиотека за чии тајни знаеше само тој.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Постоеше систем на поврзаност на овие записи со татковите книги во рафтовите на библиотеката, некаква осмозна алхемија чии тајни таткото, господарот на својата библиотека ги однесе со себе, но остави доволно за разгатка за тие што би имале моќ да ги откријат тајните кодови на неговата митска библиотека...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Може и да ја знаеш неговата куќичка. Таа лежи од онаа страна на пенливиот поток, пред бескрајната шума чии тајни, шумови и страсти не ми се познати.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)