Кружниот пат долж брегот на полуостровот е проширен и асфалтиран, начичкан со мноштво кафеани, таверни, кафулиња, ресторанчиња и мали продавници и покрај 70 – православни цркви, повеќето постари од петстотини години и изградени во византиски стил, претставува големо туристичко доживување и завршува пред малиот плоштад во чија средина во природна голема е поставен споменикот на владиката Каравангелис на чии гради со црна боја е испишано – крвник.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Спротивно, маркантно се издигаше висок камен ѕид кој наликуваше на висечка карпа од чија средина излегуваше силен воден млаз.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Пламенот што се превиткува во средината на земјанката го осветли нејзиниот десен образ огрден со дебела лузна во чија средина сѐ уште е залепен загноен струп.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Има нешто како игралиште во чија средина се набиени колци и на нив заковани стари штици.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја напуштаме Преспа и пред да превалиме на другата страна од Превалот, долго се вгледуваме во прстенот од планини во чија средина е езерското огледало во кое катадневно се вгледани и небото и облаците, и месечината и ѕвездите и изгревот и заодот на сонцето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)