чиј (зам.) - седиште (имн.)

Извршителот се именува [од страна на Министерот за правда, врз основа на конкурс] за подрачјето на основен суд и извршува извршни исправи на судот или органот чие седиште е на подрачјето за кое што е именуван, а при спроведување на извршувањето презема дејствија на целата територија на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
7.  Извршителот е лице кое врши јавни овластувања утврдени со закон именувано согласно со одредбите на овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гемиџиите, концентрирајќи ја својата дејност речиси исклучиво во Солун, сакале-нејќеле биле принудени да одржуваат некакви односи со Централниот комитет на Македонската револуционерна организација, чие седиште било исто така во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Со цел да ја изменат формата на владеењето во Румелиските вилаети на Отоманската империја, членовите на субверзивниот комитет, чие седиште е во Софија, решиле да извршат ред атентати во градот Солун..., служејќи се со бомби и динамит за да го зголемат на тој начин ефектот на своите злосторства“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како да пловевме сите во големото Медитеранско море, во бродови крај флотите на САД, Франција, Велика Британија, СССР и други, во очекување на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Драматичноста во дипломатските табори ја зајакнуваа во Тунис уште присуството на Јасер Арафат и Палестинската централа, односно Државата Палестина, којашто ја признаваше СФР Југославија како независна држава, како и Арапската Лига, чие седиште беше привремено во Тунис...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И покрај фактот што во Битола сите знаеле148 дека Организацијата не испукала ниту еден куршум, не нападнала ниту еден Турчин, значи не дала ниту еден посериозен повод за битолските колежи (по примерот на Солун), генералниот инспектор на трите вилаети (Солунски, Битолски и Скопски) Хилми-паша, чие седиште тогаш било во Скопје, пред рускиот конзул во Скопје и пред дописниците на „Будимпештански Хирлап“ и „Манчестер Гардијан“ ја дал следнава неточна и тенденциозна изјава: „Околу пладне (на 6 мај) во Битола на повеќе места во чаршијата се пукаше против Турците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)