чиј (зам.) - рамка (имн.)

При своето повторно одење на Black Mountain колеџот, Кејџ со Роберт Раушенберг, Марс Канингем, Дејвид Тјудор, Пол Вилијамс, М. С. Ричардс и со уште неколкумина пријатели го организираше својот прв хепенинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите овие квалитети, иако неартикулирани, Кејџ ги наоѓаше во природата, во нејзиниот начин на функционирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Четвртиот период, во коегзистенција со третиот, своето потекло го води од раните шеесети и е окарактеризиран со „реверзија на херменевтиката, и со речиси метафизички истражувања во преводот и интерпретацијата“; накратко со визија за преведувањето како широко поле во чии рамки спаѓаат и други дисциплини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Земји од цела Европа овде изложија книги а исто така и Југославија, во чии рамки и Македонија со изданија на „Просветно дело“ и на „Македонска книга“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ние употребуваме биполарни конструкти за да ги претставиме забележаните сличности и разлики меѓу настаните, и потоа да ги организираме овие репрезентации во кохерентни облици или „контексти” во чии рамки ние ќе бидеме во состојба да откриваме теми кои се повторуваат во нашето искуство со текот на времето, и потоа да ги испратиме овие репрезентации напред во форма на очекувања на идните настани.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Дали сме му поверни на наследството на една култура ако ја негуваме разликата во себе (со себе) која го конституира идентитетот, или пак ако се држиме до идентитетот во чии рамки таа разлика се одржува на едно место?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе од кој и да е уметник во движењето, Енди ги постави и прошири параметрите на поп артот во чии рамки сите негови последователни претстави, идеи, записи и активности внатре медиите беа генерирани. Енди Ворхол, гола камера?!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во Прескотовото читање на терминот, border е област која се допира со boundary, која е на нејзиниот раб, додека borderlands се однесува на „транзиционата зона во чии рамки лежи границата“.5 За Ладис Кристоф, ‘boundary’ се однесува на територијалниот лимит на модерната држава, додека ‘frontier’ ја означува (континуираната) експанзија на еден политички ентитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)