Од спротивната страна на уличката имаше еден мал нечист паб, чии прозорци изгледаа како да се замрзнати, а всушност беа само покриени со прав.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Крај Пансионот, на паркингот, се гледаат неколку автомобили низ чии прозорци ѕиркаат кучешки глави во кои сопствениците ги носат во Пансионот или ги враќаат од него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се обновува историјата на мигот Во малата соба Од чиј прозорец само еднаш Се испраќа поздрав.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Таа ќе ги однесе до некое море. - А ако се вратат?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Заспани гардисти имаше и околу куќите што потсетуваа на бункери од чии прозорци ѕиркаа топовски цевки, црни челусти на железни змаеви.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Малата куќа, чии прозорци почнуваа рамно од дивата трева, беше без стопан.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
По ударот со кундак во куќата на немата девојка, Лозан Перуника се чувствувал грд и штрбав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога жените се исправиле под светлоста на месечината чудно танки и штрклести дури и во подгрбавеноста и кога пошле кон своите куќи во чии прозорци лежела магличеста светлина, Лозан Перуника, со стиснати усни совладувајќи го во себе отпорот на осаменичкиот страв, дошол до гробот заграден со пет пламенчиња за петте покојници од дванаесет до шеснаесет години и се потпрел со острите коленици на земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кабинетот на доктор Миха всушност беше подрумска ќ елија, на чие прозорче беа извадени само решектите и на чија врата, место затворенички број сега беше испишано неговото име, пак со енигматични предзнаци: др. мр. пр.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Долу, на приземјето чии прозорци се скоро на иста висина со тротоарот беа сместени децата од селото Езерец.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Едно од децата покажа на куќарката зад чии прозорци, наместо завеси, беа спружени алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тропнавме на вратата. Децата ни рекоа да не чекаме, туку да влеземе. Вратата беше отворена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)