чиј (зам.) - порака (имн.)

Тие стануваа симболично писмо испишано на нивните мермерни тела чија порака можеше само да се почувствува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мрднав и фатив да се пробивам. Телата неотстапливо ги стегаа тупаниците чии пораки, иако не можев да ги слушам, ги разбирав.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Беа откриени капиџиците на куќите, идентитетите на нивните жители, беше откриено едно мало, исчезнаточовештво, чии пораки беа многу значајни за потомците.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Набргу продрев во малата тајна - Татковата библиотека во којашто тој ги криеше книгите чии пораки се судираа со новите идеологии на Балканот и чие натамошно чување можело да биде опасно за семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога минувавме, запревме пред нашата куќа, крај реката, и од силна радост, за да нѐ слушнат сите, ја запеавме песната што тогаш најмногу ја слушавме, а чија порака не ја знаевме и не можевме тогаш, а и подоцна да ја разбереме: „Америка и Енглеска биќе земља пролетерска!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)