чиј (зам.) - отсјај (имн.)

Преку неговото змијолико добро тело од илјадници скапоцени камчиња во чиј отсјај се прпелкаат гулаби, тело преслечено од трошноста на смеата и бесот, но сѐ уште цврсто за да го дочека моето минување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Најтажни се празните кревети со двајца во нив, најпразни се очите во чиј отсјај има само празнина.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Нечујно се повлече во мракот, што ја пригрли како зрнце светлина чиј отсјај и натаму топлеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но, сепак ги корнеше малите мигови на среќа, што малце ќе ја обојат сликата, нијансирана, со молкот на изгрејсонцето, збогувајќи се со пригушливите ноќи, чиј отсјај беше валканата месечина, која ѕирка зад густите облаци во мракот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
По ламаринените покриви се прелеваа светлите фатаморгани на сонцето, како треперливи бакарни светулки чиј отсјај создаваше илјадници сонца во очите на набљудувачот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)