Ах, Ти, кој не стигна да ги помириш каменот на телото со птицата на душата... Tohu va bohu 1 На сестра Буба Од зори мајка ми ја угорува фурната и му пее на лебот по чија миризба и Бог се симнал за едно кравајче, се потпрел покрај неа до фурната и чека.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Попатната панорама - густи маслинови гори и уште погуста борова шума, чија миризба на смола се шири низ сето ова пространство и нè следи и потаму од Касандра.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Куќата веќе дишеше чиста, оросена со полеаните цвеќиња чија миризма стигнуваше дури до чардакот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)