Тој е нашинец, знаеш, од нашинците чии места, по делбата ги приграби Албанија за да биде поголема.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тој беше просто шокиран (зошто би бил, но, ете, беше) кога виде дека на поставената маса за ручек нема четири исти длабоки чинии, четвртата беше заменета со преостанатата од стариот сервис на чие место за Нова година беше купен нов.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Од предворјето на манастирот, од кое се простираше чудесна глетка кон полнотата на Езерото, се разбира, преку границата, на другиот дел од блискиот брег, си го гледавме, кога беше убаво времето, со голо око, родниот град, а со една стара Таткова дулбија, донесена од Цариград, со која го минавме Езерото, можевме да си ја видиме нашата куќа, крај Езерото, на чие место се крена зградата на Градоначалството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)