Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Или затоа што страдањето, трпеливоста и тагата, коишто го туркаа овој народ кон работ, му го свртуваа погледот кон нешто друго: кон Херој, оној кој требаше да ги спаси, оној во чиј лик го препознаа младиот умешник...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Минатото ко стар кофер отфрлен, од печалбар што долго патува низ светот со хипокритичен поглед, кој ја заобиколува вистината, за тагата што се свила во градите, за блиските чиј лик го заборавил...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Јаков помисли на мажот на Ребека чиј лик го знаеше од фотографијата во посребрена рамка што стоеше на нахткасната во спалната и што таа, кога првпат водеа љубов, ја изнесе оттаму и ја остави да стои на масата во дневната соба...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Нејзиниот режисер, кој во сижето на филмот ѝ е и поранешен сопруг, откако проценува дека таа улогата ја толкува премногу политички, премногу феминистички и недоволно страсно, ѝ приредува средба со една млада Американка (чиј лик го толкува Елен Бирстин), која во Атина отслужува доживотна затворска казна за убиството на своите деца: не знаејќи ништо за класичната книжевност и за феминизмот, таа изгледа несвесно го реинкарнирала ликот на Медеја кога нејзиниот сопруг Грк, како Јасон во заплетот на оригиналната приказна, на родната грутка си ја оставил жената туѓинка за жена Гркинка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Сон за страст, прочуената сопруга на Дасин, Мелина Меркури, игра извесна иконична глумица, многу слична на неа, која, по падот на воената хунта во 1973 година, се враќа во Грција од политички егзил за да ја одигра улогата на Медеја.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Реакцијата на еден мој другар хетеросексуалец на филмот Сон за страст од Џулс Дасин од 1978 година – кој е сјајно испитување на возможните современи примени на Еврипидовата Медеја во феминистичката политика – е пример и примена на културната логика што дејствува тука.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)