Стапалата ти се голи жртвеници чија крв така ја крштеваше земјата што таа за возврат не можеше да не ги помилува;
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Жртвувањето, пак, на јагне-темелокрепник, чија крв во темелите требаше да донесе мир под покривот на Блиската роднина и Минувачот во 5 до 12, успеваше да повика само Убиец на покриви.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
За разлика од јагнето, чија крв во темелите требаше да донесе мир под покривот на Блиската роднина и Минувачот во 5 до 12, овие божици на плодноста се одѕиваа на обредниот повик и редовно доаѓаа во диското, но прилично ретко се пораѓаа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Пенчо беше посилен и не ќе ми ја вратеше птицата чија крв му ги проби танките панталои на џебот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ако ти е жал за мене, земи копач откопај ме!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Јакове, рекло едно од неговите деца што се собирале околу него. - Стасај ги, исколи ги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ е смрт, сѐ е смрт, мислел со сеќавање на суштество над чија крв веќе управувала судбината на возрасен човек.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навистина тогаш мислел на одмазда, во родот чија крв наследил се знаело за неколку одмаздници ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Всушност, древните Ацтеки жртвуваа илјадници затвореници за да ја заситат жедта на богот на сонцето, со чија крв ќе ја обновува моќта за да го обнови изгревот на Исток!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ист си како онаа чија крв ја носиш, и која, да не те дала на посвојување, ќе те фрлела да умреш на улица, за да не ѝ пречиш кога муштериите легнувале меѓу нејзините нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ти некогаш се прашуваше: ‘Кој сум јас?’ Сега го знаеш одговорот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Целиот свој живот преку своите дела брат ми се обидуваше да докаже дека есенцијата на човековиот род е вината: секој беше виновник, затоа што секој некогаш бил дете, а секое дете во натпреварот за љубовта на својата мајка ја посакало смртта на својот противник - таткото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И кога брат ми се сети на нив, на оние чија крв ја носевме, нивните страдања ги спомена само попатно, кога за тие страдања ги обвини самите нив, страдалниците: “Со тоа тие на некој начин на себе си ја натовариле тешката вина; си дозволиле заради тоа мачно да истрадаат.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот вчудоневиден дека баш на врв свет мртвото е живо како животинките во цртаните филмови: знае дека во сите докторски книги пишува дека луѓето во чија крв има помалку од 6 единици концентрација на кислород веќе кинисале на оној свет ама од врв свет се слегува прудолу, спокојно и со уморна насмевка, се слегува директно во светот на чудата само со 2,8 до 3,2 единици кислород во крвта.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)