Не, понудив, признавам, шпекулативен приказ за начинот на кој некои поединци (и геј и стрејт) се здобиваат со машка геј-културна ориентација, чии координати се протегаат до полињата и на сексуалноста и на родот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова што штотуку го изнесов тука, се разбира, не е теорија за она што ја предизвикува машката хомосексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мојот приказ е апстрактен, крајно шематски и несомнено симплистички, но барем го крепи извесно количество емпириски докази – имено, доказите што ги дава една критичка анализа на машките геј-културни практики и на пошироката културна поетика врз која почиваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А протогеј-субјектите реагираат на настраното нудење на одредени одлики или состојки на тие главнотековни облици што комуницираат со чувството на тие деца за различност, со нивната желба за бегство и со нивната волја да замислуваат алтернативи, како што тоа го срочил Бери Адамс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)