чиј (зам.) - име (имн.)

Се најдоа, првпат по војната, и новинари од светските новински агенции, чии имиња постојано ги слу­шаме на нашите радиостаници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега, во чие име требаше да цркнат сите кози? Козите на сите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но јас, треба да речам, заминав и заради уште нешто, нешто што ќе треба да се објасни - зовот на мојот предок, големиот добротвор Никола Поцо, чие име го знам, а само малку од делата кои сакам да ги запознам и, ако е можно, да ги повторам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Други извори тука околу мене од кои би можел да дознаам повеќе отколку што знаев за човекот чие име беше испишано на металното парче, немав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Двајцата колеги на главниот инженер на чие име добро се сеќавам, се викаше Доре Ќамилов, тие двајца, значи, исцртуваа провизорно на големи табаци (подоцна ќе исцртаат сè на чисто и професионално) и ги внесуваа мерките.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе те поведам во светот на магијата, ќе ти раскажувам приказни за грбавиот гусар и за руската кнегиња, за љубовта на прв поглед и за љубовта на која не ѝ треба поглед, за глумицата чие име веќе го споменав во две-три мои дамнешни полупесни.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сѐ заради таа пуста несоница по тебе во која самиот се откривам и во која душата ми е голема пустина чие име на ниедна карта не е забележано.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На орницата го фатија Кулета Карабоја од Витолишта и му нарачаа да им соопшти на месните работници Стојана Мисирлијата и коџобашијата Трајка Лесната, чии имиња им ги препорача Јован Ѓуров на Толета, Глигура и Ѓорѓија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Хм“, неодредено присторе мојот посетител чие име не би го споменувал и шумно ја припикна раката меѓу нозете префрлени една над друга.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
"Сигурно", рече на тоа мојот посетител чие име не би го споменувал.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дури, вујко ми Герман и оној чие име не би го споменувал знаеја и зошто тој се враќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Меѓутоа, вујко ми Герман не рече ни збор, а мојот посетител чие име не го споменувам, судејќи по шумовите што ги чув, некако успокоено се навали во столот, ослободувајќи си ја раката што ја стискаше меѓу нозете.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Стоеше тој запис на карпата како отсекогаш да бил тука, на еден древен пат, а Филозофот расправаше дека од времиња најдамнешни тука минувале каравани, натоварени со стоки, војски накитени со страшни знамиња, царски курири кои во галоп разнесувале пораки по сите краишта на тогашната славна држава и на нејзиниот цар, чие име подоцна го узнав, о блажени, оти времето тогаш уште не беше дојдено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа е лик на мјузиклот (86) и лицето во чие име се разработува жанрот мјузикл (83).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мајката тука се јавува како сцена, како публика, како поучителка и како ѕвезда: подлога за идентитетот на момчето и двери преку кои се здобива со пристап до себеси како субјект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако постои француски соодветник на, да речеме, Мадона или на Кајли Миног, тоа веројатно ви е Милен Фармер, чие име треба само да се спомене за да разбуди геј- клишеа – иако имево има такво дејство само во Франција, а не другаде во светот – токму како што Далида не им значи многу на геј- Американците, иако е здробен и трагичен лик сличен на Џуди Гарланд и еднакво класична фигура во очите на геј- Французите од една претходна генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Накратко, борејќи се против утврдениот музичко-театарски режим што го феминизира пристапот до изведбениот простор, желбата да се игра на неа ја универзализирала Сцената Мајка. (80–81) ‌Овој исказ со играта на зборови истовремено е и читање на Циганка и алегорија за машкиот геј-развој (колку само се зборува за „сцени“) и оглед за теоријата на културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И немаше да морам да ја пишувам книгава. ‌Всушност, новата генерација геј-деца во чие име наводно се даваат такви изјави честопати се воздржуваат самите да изнесуваат такви категорични тврдења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како мала артистка фотографиите сè уште ги чувам - нејзините, на нејзиното мало студио на петтиот кат, на нејзината прва љубов, режисерот со ист астролошки владетел како и мојот, на нејзиното бебе чие име почнува со Ј.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Наставничката Рада имаше само една забелешка: зошто песничката не е за другарот Македонија., прекалениот револуционер, чие име го носи училиштето, и како таков претставува инспирација за секој добар ученик.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А Темелко, дете мое, е другарот М., чие име го носи вашето училиште...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Едни празни кон граничниот премин со Грција, други, од таму најчесто товарени со градежен материјал, а најмногу со тули и керамиди, итаат на запад, кон Билишта (Bilisht), чие име со големи букви е напишано на таблата со сина подлога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но дозволете да довршам. Големото поле што е зад нас, под патот и се шири на исток и југ се до падините на планините, пред војната беше сопственост на еден бег, чие име сега не ми текнува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На лицето на човекот, чие име се уште не го знам, се појави израз на вчудовиденост и по кратко молчење, рече: - Не сум слушнал дека во Сукт имало такво нешто... - А кој пат води за Сукт?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како одблесок се нижат деновите и ние се враќаме со мислите на боиштата, во туѓината, се враќаме во тоа наше постоење таму и тука, во нашето вчера и денес и не поткачува прашањето – а утре чија слика ќе се појави во весниците и чие име ќе го слушнеш во телефонската слушалка?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Старицата која на масата седеше спроти нас, а чие име, Јохана Брох, го дознав подоцна, зборуваше за својот син Херман.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Онаму е мојот дом. Онаму е моето гнездо,“ повторуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Старицата до неа, Миа Краус, со која патувавме од Виена, зборуваше за своите внуци.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една девојка, чие име не го знаев, ги размрдуваше рамената и замавнуваше со рацете како со крила, и гледаше некаде кон покривот на болницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сликарот, чие име беше Фридрих Рихтер, бил од околината на Минхен; кога им се родил синот, тој и сопругата живееле во Виена – потоа пак отишле на имотот крај Минхен, а сега се вратиле во Виена затоа што слушнале дека доктор Ото Ауербах, професорот на брат ми, може да им помогне на деца во чија душа се вовлекла тагата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бидејќи доктор Ауербах верувал дека блискоста со другите деца ќе му помогне на Рајнер, тој во својот дом му овозможил на Фридрих Рихтер да им држи часови по цртање на децата на професорите на Медицинскиот факултет, кои биле на возраст на неговиот син.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како се викаше таа војска? Чие име го носеше и кој ѝ го кладе?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потајно се радувале што тие луѓе од она село чие име тешко се запаметува им го донеле од шума попот: светците на манастирските ѕидови изгледале повесели кога од олтарот доаѓале во густи и бавни бранови свештенички песни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе неколку дни ваделе камења за оние што сакале да станат воденичари на рекичката Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти си цвеќе, чие име одамна го заборавив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Џармуш, Куросава, Монти Пајтон и некој јужно-корејски режисер чие име звучеше како песничка погодна за играње ’школка’.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Претставителите, чии имиња ќе ви ги набројам подолу, на вашите читатели бездруго ќе им се чинат многу малку, кога ќе има предвид статистиката на бугарскиот народ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дејан ја најде таа тезга преку свој пријател, што беше дел од редакцијата на магазинот на чие име Александар не се ни сеќаваше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
[...] Историјата на „шемите” започнува од Емануел Кант, а можеби и порано, но јас сакам да започнам со изложување на работата на еден истражувач од почетокот на веков, Сер Хенри Хед (Henry Head) еден од оние среќни луѓе чии имиња асоцираат на нивната професија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Убавината кај Чинго меѓутоа ги носи пред сѐ отисоците на човековата убавина во чие име младиот писател ги искажува со сериозна и длабока загриженост и вистинитост своите големи и нестивнати стравови.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Па затоа се задржа уште неколку минути во разговор со старецот, чие име, како што откри, не беше Викс - што можеше да се заклучи од натписот над продавницата - туку Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Безброј пати на партиските собири и на спонтаните демонстрации таа викаше на сиот глас, барајќи смрт за луѓе чии имиња никогаш не ги беше чула и во чии наводни злосторства ни најмалку не веруваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Особено подвлече, дека главната личност во пиесата, протата, е од Витолишча, поповиот Крсте, на чие име истури една торба пофалби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лари ова го кажа низ горчлива насмевка и со израз на човек во чие име е направена страшна неправда... иако јас не бев сигурен дали воопшто знае каде е Ирак, а каде Македонија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Низ Езерото минуваат, всушност, јагулите на пат низ малите и големите реки кои се влеваат во далечните мориња чии имиња предизвикуваат соништа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Чии имиња спомна, или само ми се причини? - го слушна Томислава како се труди да ја дофати нејзината поплака што предмалку ја изрече. „Господи, заклучи таа, сигурно и самиот не знае што прашува!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Прашуваш чии имиња спомнав? - му дофрли, но овојпат уште потихо, со одмазничката желба ништо да не слушне: - Ги спомнав имињата на оние од дворот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потоа ги изнесоа блескавите златни крилја во утрото, додека тие го шепотеа во нивните раце неговото име, нечие име, било чие име што долета, лебдејќи како пердув сред топлиот воздух. Монголфје.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ајде, оооп! Уште малку - ја попушти сопирачката, џипот се дотркала до половина угорнинка и запре.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Зар сакаш цел пат да туркаме? - праша вториот офицер чие име Коста досега не го слушна, а лицето му го виде дури вчера во болницата во Елбасан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Алфред Хичкок Тематот за една од најфасцинантните личности на дваесетиот век, Алфред Хичкок, човекот чие име значи жанр, како што вели Трифо, го почнуваме со славните разговори меѓу, пред сè Хичкок и Трифо, а потоа Хичкок и Питер Богданович (книгата за Хичкок на Трифо не е само една од најзначајните книги за филмската уметност, туку таа во шеесетите години многу придонесе за ширењето на границите на слободата и на она што значи уметност; оттаму таа книга е посебно значајна и за нас, кои на тие културно-историски нивоа, онака глобално, социолошки, сме барем триесетина години назад); во вториот дел на тематот поместени се два „психоаналитички” текста за Хичкок, а најнакрај ви препорачуваме дел од многубројните книги напишани за него и го донесуваме прегледот на сите негови појавувања во сопствените филмови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
ТРИФО ЗА ХИЧКОК Во историјата на филмот, Алфред Хичкок зазема единствено место: тој е единствен режисер (освен, можеби, de Mill), чие име кај секој просечен кино посетител предизвикува точно одредена претстава (пак со исклучок на актерите-режисери, како што е Чаплин, кои публиката ја привлекуваат повеќе со својата игра отколку со работата зад камерата).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Боги, чие име би требало да произлегува од прекарот на прочуениот Хемфри Богарт, беше, како впрочем и неговиот газда, молчаливо, мрзоволно суштество.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бидејќи тетка Марија ме немаше видено никогаш во животот, веднаш почна да ме распрашува за мајка ми, татко ми, сестра ми, како и за членовите на семејството од страната на татко ми, кои никогаш не ги сретнала, но чии имиња, како по некое чудо, ги знаеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Водата повторно гргна во шолјата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одовде е тешко да се разбере вистинската состојба, но би сакала да помислам, дека свети Климент Охридски, чие име го носи вашата улица, ќе ве штити вас и целото семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И ќе дојди еден ден од деновите кога ќе треба да се праша и одговори: - зошто и со кого се отишло, зошто и во чие име се гинело?..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тома најстариот внук од сите внучиња, Тома гордост на дедо чие име го носеше. Тома љубимецот на целото семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Сите овие бедни и анонимни егзекутори, чии имиња се сведени на иницијали: А.А., Х.Х., З.З., Ц.Ц., О.О., како и многу други, сѐ до исцрпувањето на азбуката, - сите овие недопирливи суштества, сретнати или не, сведочат за последната мрачна епизода на старата традиција на жртвувањето што на Балканот не престанала до наши дни.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако бил женкар и ако бил во Буф во времето кога таа Германија на чие име сега е крстена ќерката на Едо Бранов од Битола, тогаш ти не си без врска со Едо Бранов од Битола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кои се тие да поставуваат такви услови и во чие име?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие младинци, чии имиња се познати, биле Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Попјорданов (братучед на Орце), Алекси Минов-Каникот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)