Голема моќ е да умееш да бидеш губитник, победник во поразот, кој сам по себе ни го наложува трагизмот на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но владеењето како историски феномен на човештвото е можеби само последица на судирот и противречностите на нашите фаталности, чија жртва најчесто се вечните владетели.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
LIV Татко и Камилски, колку и да чувствуваа некакво задоволство од тоа што нивниот проект се наоѓаше при крај, имајќи доволно избрани заемки за да ја состават конечно листата на (без)опасните турцизми, не ги напушташе заедничкото чувство што не си го признаваа еден на друг дека можеби станале заложници на уште една лажна идеја, чии жртви обично стануваа големите балкански автодидакти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Турските заемки стануваа стапици каде требаше нешто да земат, а без да бидат земени самите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јас сум за рамноправност на сите граѓани: Евреи, христијани и муслимани.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А сега, кога пред неа седеше стариот и облечен кадија, со бела брада и коса, крвави очи, чија жртва требаше да биде таа, срцето и препукна и одвај се воздржуваше да не рикне како ранета лавица и да му се фрли на непријателот да го раскине со заби и нокти.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ослободени од нивна ционистичка идеологија, чии жртви биле самите тие, Евреите ќе живеат со нас во мир и меѓусебно почитување... - велеше Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше тоа страшна историска непогода, а не нешто што има врска со нас и со тоа кои сме – па, така, нашата емотивна реакција на неа исто така немаше никаква врска со нас или со тоа кои бевме како геј-мажи, освен кога колективно нѐ обвинуваа за самата епидемија чии жртви бевме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)