чиј (зам.) - живот (имн.)

Но, сепак, на неговата најневралгична артерија- по улицата која води кон врвот „Мон Валеријан“, каде што болницата „Фош“, можеби безброј пати, и дење и ноќе, се разнесува пискотливиот и морничав звук на болничките коли, кои јурат со вратоломна брзина носејќи болни за чиј живот секоја секунда е пресудна а кој можеби, ќе им го спаси професорот Гио или некој друг хирург.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Големиот Брат повремено ја посветуваше својата Дневна заповед на споменот на некој скромен, обичен член на Партијата, чиј живот и смрт ги издигнуваше на ниво на пример достоен да биде следен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О, сите ли вие кутри зајаци, чиј живот беше толку беден, колку зрно афион вреден?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Редици црни скелети чекаат погрдни клевети, пред вратите преполни ги скокотка гладта на ѓаволовите усни вековни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За миг, чиј живот е долговечен колку и една искра, колку и светлоста на ѕвездата со бела опашка, минаа пред неговиот вид призраците на една иднина независна од него: Јана со набрекнати дојки и детска количка пред себе, и тој, Иван сиот покриен со мирис на пелени и загорено млеко, и дождалците зад широкиот грб на богот Мирон, и брат му со нова и тешка кожена торба под мишка, и тие, бројките од Нојовиот ковчег, весели и насмеани победници над една рапава смеа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Молчев, како да му оддавам почит на човекот чиј живот, според малкуте и нејасни сведенија, бил посветен на Маказар, живот кој мене ме предизвикуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сакав да сведочам за една победа, или да ја премолчам, пред мојата мајка-храброст во чиј живот, во борбата за спасување на своите чеда немаше ниту победи, ниту порази, туку само храбро истрајување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За мене тој беше непризнатиот дипломат на земјата која не постоеше, на земјата на животот на своите чеда, по чиј живот можеше да се трага, останувајќи верен на потрагата по него во сопствениот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имено, ЗИТ (1985) предвидуваше забрана на вршењето на дејноста до отстранување на неправилностите за оној работодавец кај кого работи работник кој не засновал работен однос во согласност со законот или работник по чиј живот и здравје постои непосредна опасност, додека ЗРО (1993) предвидуваше забрана од 90 дена ако биде затекнато лице со кое не е заснован работен однос во согласност со законот и колективниот договор и ако на некој работник не му се платени придонесите од здравствено, пензиско и инвалидско осигурување (чл. 20, ЗИТ/85 и чл. 143, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)