Господе, пак си мислам, чии се оние ѕвезди што паѓаат, што гаснат? Чија душа гасне со нив?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бидејќи доктор Ауербах верувал дека блискоста со другите деца ќе му помогне на Рајнер, тој во својот дом му овозможил на Фридрих Рихтер да им држи часови по цртање на децата на професорите на Медицинскиот факултет, кои биле на возраст на неговиот син.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сликарот, чие име беше Фридрих Рихтер, бил од околината на Минхен; кога им се родил синот, тој и сопругата живееле во Виена – потоа пак отишле на имотот крај Минхен, а сега се вратиле во Виена затоа што слушнале дека доктор Ото Ауербах, професорот на брат ми, може да им помогне на деца во чија душа се вовлекла тагата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Спрема тоа, човекот е пониско од ангелите, а повисоко од животните чии души се ништат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)