Со ЗИДЗВРС од 2009 се допрецизира и постапката за издавање на работна дозвола, врз основа на барање на работодавач и на корисник на услуги, со додавање на три нови става, од кои во еден од нив се пропишува дека завереното барање за издавање на дозвола за вра- ботување со останатите неопходни документи, согласно со Законот за странци, 5 странецот го поднесува до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, во државата чиј државјанин е или во државата каде што тој престојува врз основа на дозвола за престој, со цел да започне постапка за добивање на работна дозвола (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Освен до дипломатско - конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, во државата чиј државјанин е или во државата каде што тој престојува врз основа на дозвола за престој, се отвори можност барањето за издавање на работна дозвола странскиот државјанин да може да го поднесе и во АВРМ, која е должна по службена должност да обезбеди мислење од Министерството за внатрешни работи, освен во случаите кога странецот поседува: (1) дозвола за привремен престој врз основа на семејно обединување; (2) дозвола за привремен престој на член на потесното семејство на државјанин на РМ; (3) дозвола за привремен престој поради хуманитарни причини – жртва на трговија со луѓе и (4) лична карта за признаен бегалец, лична карта за лице под хуманитарна заштита и идентификациона исправа согласно со Законот за азил и привремена заштита (чл. 1 од ЗИДЗВРС/јул.12);64 б) се допрецизира и постапката за издавање на работна дозвола врз основа на барање на работодавач и на корисник на услуги, со 64 Закон за азил и привремена заштита, Сл.весник на РМ – 49/03, 66/07, 142/08, 146/09 и 166/12. 71 додавање на два нови става со кои се пропиша дека во одредени случаи (кога барањето за добивање на работна дозвола не се доставува до дипломатско – конзуларно претставништво на РМ во странство) барањето за добивање на работна дозвола може да се поднесе и подигне од АВРМ, која е должна да обезбеди мислење по службена должност од Министерството за внатрешни работи (чл. 2 од ЗИДЗВРС/јул.12). 3.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)