чиј (зам.) - се (гл.)

Неколку дена подоцна случајно пронајде ново име и телефонски број кои Марија ги имаше запишано во домашниот телефонски именик, а бескомпромисната луцидност на љубомората му шепна чии се.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сите наследници, независно чии се, како по правило се сретнуваат на истиот шалтер во службите за издавање изводи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Господе, пак си мислам, чии се оние ѕвезди што паѓаат, што гаснат? Чија душа гасне со нив?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најпосле го праша Бошка: - Знаеш ли чии се големите стада што пасат на Грива?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Чии се овците? Ајде давај ги ваму! – викаше со наредбодавачки глас.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа што никој не се јавуваше само го зголемуваше неговото измачување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)