чиј (зам.) - бев (гл.)

Чиј беше тогаш тој глас?“, — се праша Митре и со молњевита брзина си одговори: „На бацка Петрета“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но се случуваше и во доцните ноќи, кога сите беа заспани, а само Татко, останат буден крај своите книги, да се слушаат необични звуци, во куќата, крцкање како говор што доаѓаше од неодредено место, во времето коешто Татко не успеваше да го протолкува до доцна во ноќта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко успеваше според шумот на чекорите да одреди чии беа, почнувајќи од Мајкините мирни и спокојни чекори, до нашите забрзани и шумни чекори, кога во трк скокнувавме и по две-три скали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чии беа овие зборови. Јасно чии.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да му речев дека ќе останам засекогаш во Шумшул- град, ќе скокнеше од радост до небо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И таму, од онаа страна на ритчето имаше гробови, а чии беа, не знам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И си одговарам: сигурно им дозволил тој, кој многу сакал тука да не остане белег од темели и цркви зашто некој друг би прашал чии беа, кои беа и каде се тие кои беа?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Тие пари којзнае чии беа, Васј“. „Што е важно чии биле парите?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- И чиј беше куршумот што го уби брат ти? Од кај знаеш дали не беше твој?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)