тој (зам.) - пак (чест.)

Тој пак, некогаш бил генерал, ама се оженил за Германка и му го симнале чинот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој пак, кога нѐ видел фатени за рака, долго време мислел дали да нѐ казни или да ни згази на рацете, на прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој пак, се фати во нозете и не може да бега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој пак, на испраќање, ќе ми рече: — Ајде, со здравје и побргу да се вратиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)