тој (зам.) - би (чест.)

Го гледа ред години и само тој би можел да ме замени во моата тешка и одговарна работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тој би се согласил, се чини, повеќе да ги поднесува нив, само да се ослободи од оние страдања што му ги донесе разделбата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој би бил тогаш барем донекаде заштитен од ударот на секоја неминовна разделба, и на последната.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да ја имаше, оваа тешка зачмаеност, што го вклештила и не го испушта, би се стопила како што се топи мразот напролет и тој би нашол утеха, ако не и тиха радост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Со оглед на тоа што секој поим е е двојник на својата спротивност, како што би можело да се помисли, како тој би можел да им биде соопштен на другите кои се обидуваат да го мислат, ако не мерејќи го со неговата спротивност?...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тие моменти во автобусот ми стануваше туѓ и татко ми, само при помислата дека можеби и тој би бил во состојба да стори такво нешто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Против пресудата работодавачот, кој ја изгуби парницата, знаејќи дека не е во право не се осмели да покрене никаков правен лек и истата беше спроведена доброволно – а раководството на „Дервен“, поучено од овој случај и под страв дека тој би ги поттикнал и останатите инвалиди на трудот да тужат – самоиницијативно ги исплати и трошоците за исхрана на останатите кои беа во иста фактичка положба, а немаа покренато тужба за истите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Парничните трошоци во висина од 4.200 МКД, исто така, паднаа на терет на „Дервен“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не му одговарав ништо, а тој сам коментираше, највулгарно; на пример, ме праша дали би ја заменил ученичката Луција со една коза, оти тој би можел да ми најде коза од неговото село, кога веќе мислам дека козите се толку сексапилни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми зборуваат за некој Кара-Трифун. Тој би бил подготвен да почне со таа работа. Ти си слушнал за него?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се надеваше дека тој би можел да помогне во соработката.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во извештајот Еванс посебно се осврнал на перспективите за обединувањето на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа тој го потврдува и со својата опсервација дека ако се одржи слободен и фер плебисцит, тој би резултирал со формирање на „слободна Македонија“, а со тоа би се анулирале „грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со овој твој мизерен дух не би можел да завршиш ни трето одделение!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој би требал да биде прогласен за тапа на годината, а не јас!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сиве овие години јас неотклоно ја следев таа права линија: да бидам како него, да постапувам како што тој би постапил, да се борам за она за кое се бори тој - со еден збор, да го правам само она што би го направил единствено тој.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само тој би можел да ги знае тајните коти на пристигнувањето на другиот брег на надежта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Младен: „Да има мост преку реката, секој ден би одел кај Даме и тој би доаѓал кај нас.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Страшна атмосфера, Френк Запа би го собрал гитаристот и тој би прогледал.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Тате за сето време слушаше, пееше или гледаше на сите страни, се држеше за нештата како сиот свет да е центрифуга која толку бргу се обрнува, поради која тој би можел да биде отфрлен во секој миг далеку од нас.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)