Сребрената жица сѐ потенко се стегаше околу гушата на Марко, а тој иако вознемирен, уште си размислуваше вака:
„Зарем на валијата му беше лесно да ми го предложи она?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сите поради тоа го мајтапевме, ама тој иако инаку за сѐ и сешто се лутеше, како пет пари за ова да не даваше. Така му беше поудобно.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Поп Стојан, не сакајќи да падне во рацете на Османлиите се самоубил, селото Разловци било изгорено, а четата на Беровски била пречекана и разбиена, а тој иако ранет успеал да се повлече во Осоговските планини во областа Пијанец по што востанието било угушено.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Оној кој е подбркан од судбината, независно од тоа кој пат ќе го искористи за да исчезне, не може да се ослободи од прогонувачот, постојано ќе го чувствува неговиот здив на вратот, дури и тогаш кога тој прогон ќе го прогласи и за проклетство што којзнае како му се присламчило па во чекор го следи, барем така го чувствува лично тој иако знае дека помеѓу него и прогонувачот се протега добар дел од пуста и неосветлена улица.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
По угушувањето на востанието положбата на населението уште повеќе била влошена.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)