тој (зам.) - и (сврз.)

Поточно, тој и за времетраењето на спорот, правно гледано, не беше во работен однос бидејќи своето работно место го напушти уште пред да го покрене судскиот спор – кога, од страна на тамошното раководство, му беше понудена отпремнина во вредност од околу 2.000 ЕУР за „доброволно“ да го напушти работното место. 182 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Величковски веќе не работи во „Охис Филком“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој и Чанга, и свесно и несвесно, го креваа големиот ѕид околу тврдината со кози за да ги спасат козите и луѓето од претстојните организирани удари на партијата и на власта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Напролет пак ќе го видиме! - ѝ рече тој и ја зеде за раката.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој и самиот ја земаше мистријата и малтарката и малтареше, „Да не остане“, како што велеше, „ни ѕирка ни проѕоирка“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еве и ова, за начините на посматрање! Тој и не е некој добар посматрач на луѓето, нема доволна дистанца од себе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По малку време, сите заедно, тој и публиката, заминаа нагоре по она тесно патче што води кон погорните куќи и потоа десно кон двете продавници кај мостот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лу ми раскажуваше како со недели тој и Џон јаделе само pop-corn, а пари набавувале главно од давање крв и позирајќи за таблоиди на кои им беа потребни фотографии за шокантните приказни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа сѐ уште беа денови кога можеше да се живее без пари, а Велветите имаа токму толку.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Керадер тоа го зборува како вистина по ѓаволите сакам да речам тој ја уважува таа свиња - дури беше еден од главните педери заборавив како ги викаат таму преку со оние Италијаните после големата војна замисли ги само тие дибеци кога го здогледале како го мота тоа црево долго пет стапки еден ден - само сакал да го извади проклетиот боздоган вели Керадер - па тие помислиле мора да е педерски бог-на-боговите или такво нешто и сакаа да го вработат или како тоа се вика добога е па Морт сфатил дека тоа не е толку бедна работа знаеш подобро отколку со него да вадиш нафта по Арабија или да затнуваш дупки по холандските насипи како што досега правеше таа свиња останува таму некое време и тие момичиња таму во тоа италијанско место го мачкаат со ежова маст и маслиново масло и сите заедно работат како весталки девици го соблекуваат таму на полињата и ги прскаат нивите и го истакнуваат Морт вели дека тој вели тогаш најмногу се приближил до онаа вистинската работа жими сѐ! да умреш од смеење! и тие му носат сѐ некакви остарени тетки и пензионери тој ги распорува како со некаква зачудувачка еутаназија за стари госпоѓи и ги благословува сите нивни ебани раѓања гмечејќи го својот член дури по малку и копајќи од страна на бунарот но ќе се распичка со римокатолиците затоа што не е обрежан па тие сакаат да го млатат но Морт вели не и тие не можат да му пријдат кога го има тој огромен овен па со него изведуваат чудо и му го збрчкуваат стариот стојко со света водичка и му го загреваат семето па тоа ги спржува полињата а еден ден дури запалува некој проклет вулкан и тој мој боже! не губи време стварта да ја префрли преку рамо и оттаму фаќа магла жими сѐ! но сега ко што велам таа ситна лирика е покојна и отпеала и тој се вози горе-долу со лифтот како и сите ние еве сега влегува во тој проклет кафез покрај нас куп гадови што се заебаваме со онаа малечката што управува со тој смртно опасен лифт некако чешајќи го својот набрекнат задник кобојаги случајно и мил боже како само се унервозува и пренемага белки пола од нас се брани пола привлекува играјќи се со тоа зуење на рачкат и летејќи угоре низ тоа зградиште и баш тогаш стариот Керадер жими сѐ тој понекогаш стварно изненадува таа шизната свиња ја мерка нејзината пурпурна сукњичка и што велиш! малечката воопшто не носи гаќички! нешто преубаво батка сакам да кажам слатка праска распукана пред туѓ овоштарник и кутриот стар Морт тој кобојаги малку се клешти малку навредува и за момент ние другите не гледаме во што е работата околу што целата узбуна меѓутоа тогаш таа неверојатна работа одеднаш испаѓа и се ниша токму под неговата брада како ебено божјо око жими мајка а тогаш ете тој голем откачен боздоган и мој батка се грчи тој и кине како проклетата секвоја кога паѓа богаму и го погодува стариот Керадер трас! и тој паѓа право на подот! неговиот најдобар пријател и таа мала бедна момичка таа фрла поглед кон тој невозможен член што кружи наоколу и удира по ѕидовите па таа сосема паѓа во несвест и жими мајка се струполува право врз онаа рачка на лифтот и за секунда батка помислив сите отидовме по ѓаволите 15
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
По реализацијата на тие итни задачи можеше да го сврти вниманието кон спецификите на ова мало островце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од друга страна пак, тој и владиката беа два поглавара на островот и во тешките времиња на италијанската окупација беа упатени еден на друг многу повеќе одошто тоа би биле во времињата на слобода и на мир.  Со тие чувствувања, впрочем и се собра овој одбор под иницијатива на локалното свештеништво и на градоначалникот Карер, на оловниот ден што навестуваше скорешен дожд, трпеливо да го чека владиката на закинтското пристаништето.  И додека групата на молот уште немаше видено дека тој наближува, од прозорецот на својата канцеларија појавувањето на бродот на хоризонтот го виде Паул Беренц, началникот на СС единицата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
До пред некој месец се сметаше за избраник на Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неколкупати дури, поведен од таа надеж, тој одеше по девојчето до гимназијата, мрштејќи се и неволно кога требаше некого да поздравува, зашто баш во тој момент може таа да загуби нешто, а тој и да не забележи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Скини си, - ѝ вели тој и покажува со рака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И порано ти велев: пребегнат е тој и се крие како гробник низ селово...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ах, тој молив, човек во човека На Јован Павловски Кога ќе докрајчи моливот, кога ќе снема сили никакви траги да остави зад себеси, човек не треба ништо да му зборува, ништо да му доверува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Дури беше силен моливот - тој и душата своја ја пресоздаваше во значења и знаци и тој тоа го правеше со големи пориви, со голема жар: уште недозапишан претходниот - тој од твоите усни го читаше и поземаше веќе наредниот збор, го обликуваше покрај другите и им го оставаше во наследство на времињата и незнајното.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Нека си седи Митра овде со Неда и Јована, на есен пак ќе си дојда“ — заклучи тој и продолжи да си живее во изобилие, бидејќи паричките што ги донесе беа достаточни за да не осети некаков недостиг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Катето го разбра разговорот, но од дома беше учено: „виде — не видов; чу — не чув", ништо да не кажува, па ни пред бегот да се испушта дека разбрало што зборува тој и што прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тој и таа на секого му раскажуваа кој го извајал, кога, каде итн. Какво задоволство!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ништо ми нема... Како дрен сум!... - повтори пак тој и заниша со преврзаната глава.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој и шумарот седнаа во џипот и заминаа. Брчењето полека се губеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако си ја исрка теглата со слатко од бели цреши, зашеќерено или не тоа си знаеја тој и братучедата, младиот Курназ му се сврте на Ване: - А ти, Двојаков број два, од каде и каде?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На еден од тие летечки состаноци, Баге меѓу другите доби задача да стапи во врска тој и тој ден на тоа и тоа место во тоа и тоа време - се разбира дека не му беше кажано каква ќе биде таа врска, машка или женска, млада или возрасна, позната или непозната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дишан темелно ги разработил реди-маде, и самото негово творење за него претставуваше еден вид рандеву: ...планирањето на моментот што доаѓа (тој и тој ден, датум, момент) за да се внесе нов реди-маде. 1916 година, тој напишал серија од четири разгледници, во кои ја следеше веќе постојаната синтакса, но, сепак ги измени зборовите, така што резултат на сето тоа беа реченици кои немаа никакво значење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа е миг кога не постои веќе ни минато – ни идно; тоа е единствен миг кога човекот постои сосема сам: тој и – мракот спроти него.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Си има тој и свои грижи па треба и на нив да се мисли.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Вака ќе направите“, им рече тој и откако се принамести во столот продолжи: „Дали сите добро го гледате оној хил, врвот на онаа тумба што личи на газер од јајце, под планината, како го викавте!...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Четири дена немавме никаков контакт, и сега јас ја избегнував, затоа што сакав да ѝ ставам на знаење дека сум лут; го избегнував и Земанека, затоа што и тој, на еден сосема извесен начин, ме изневери, оти се пријави да пее народна песна, а не предложи, на пример, да изведеме и една џез композиција, јас, тој и контрабасистот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ми изброја петстотини златници, ми рече да појдам на пазарот во Дамаск и да го најдам тој и тој човек, Амореец, трговец со чудни нешта.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ти сонуваш, Луција“, рече тој и се врати назад, врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Влегов во канцеларијата на Фисот. Внатре седеа тој и Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Отсекогаш сум се прашувал зошто во Песната над песните, покрај тој и таа, постои уште едно лице: Хорот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој и во мојот кревет не се стеснуваше да го тврди истото она што го слушнав од писарот во српско: дека гревот е измислица на итрите и на богатите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се зарадував кога почна да ме загрева! Не беше од оние молчаливите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Парите оставете ги на фиљан и фиљан место под тој и тој камен за да си ги земеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
-На пример, таков одвратен факт - почнува тој и ненадејно се преобразува: зазема некаков антички став, бледнее, станува сѐ помрачен, а во неговите очи, кои наеднаш се отворени неприродно широко, се пали чудна мешавина од пакост, тага и демонски начела.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со што се занимаваше тој и дали воопшто со нешто се занимаваше - тоа е обвиткано со превезот на темнината.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа настанува кратка пауза, во текот на која Сухов се прави како да се присеќава на нешто, и потоа почнува да вергла.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Презимето на тој човек беше Сухов - така барем го нарекуваа манастирските чувари.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Двете раце му беа врзани. Тој и не нѐ погледна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И така, не сакајќи, тој и јас да ви станавме соработници во некој вид на реципрочно омасовување, во кое бевме успешен, иако неволен, тим.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А кога некој владее, тој и угнетува, за да се одржи како владетел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш, кога ќе се сетев како ме поздравуваше пред да се појави Марта Бернајс, минувајќи со врвот на својот показалец прво по моето чело, па по врвот на мојот нос, па по моите усни, го кревав показалецот нагоре, како да покажувам кон небото, а потоа си минував со него по челото, по врвот на носот, по усните. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дел од мојот свет исчезна со појавувањето на Марта Бернајс, исчезна мојата блискост со брат ми, исчезна и оној наш мечтаен свет уште пред да се појави, исчезна Венеција, исчезнавме и тој и јас во неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како сега мажите, како некогаш - во матријархатот - жените.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со уважение, командант: тој и тој и командант: тој и тој. Штембил и своерачен потпис“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа тој и не гледа вистински реформи – без сериозни зафати во економско-социјалната структура во Македонија, затоа не можат да го задоволат Февруарските реформи, како што не ќе го задоволат ни Мирцштегските, како како почеток условно ги прифаќа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
64. Александар Обреновиќ (1876-1903), кој на 13-годишна возраст го прими кралството во Србија, а на 17 години изврши државен удар и воведе автократски режим што доведе до акцијата на офицерите-завереници на 28/29.5.1903 год., кога тој и неговата омразена жена Драга Машин беа убиени и исфрлени низ прозорецот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа се поднасмевна. „Кажи ми“, ја погледна тој и ја потстегна со прстот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
5 Го снемало, умрел. За таквите каков што бил Дмитар-Пајко обично се кажувало до заборав - умре по Поклади на патот кон Лесново, како што можело да се споменува, за него или за друг бележит селанец, дека се родил околу Задушници, кога овците на тој и тој ги нападнал помор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад живите со фесови и со чалми се движеле костури со по една своја коска во жолтите шепи за одбрана на најмладиот од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се буткале, секој да се наднесе над него, некои од помладите да му ја допрат со усни десната рака, чиниш тој внимателно ги слушал и ги следел со малку накривена глава и подотворено око кон своето воле под дамкав габер; суро живинче слично на изгаснато суштество.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зашто тој бил иднината на животот - старите се само стари и мртви пред да умрат, тој и неговите врсници ќе го обновуваат животот, плодоносци со живо семе во живо месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не му реков ништо, тој и не ми се обраќаше мене, само знаев дека ме донел на раце и ме оставил врз сламата на својата кола со едно воле, потоа им ги проврел главите на моите сиви близнаци низ јаремот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И рекол дека и без плаќање ќе ѝ ја донесе на грб сета шума од ридиштата на Златица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сум бил, ме немало. Овде сум, утре пак ќе ме нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Само тој и еден господ што е над него, над нас. И околу нас - во вода, под дрво, зад камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Нив ќе ги чека да го зграпчат за тил.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Под земјичкава е бескрајното царство на сиромавиот. Само тој и црвите. И сплеткани корења околу неговите коски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но таа, опседнувана на секој чекор од тајни машки желби, веќе знаела што сака тој и ѓаволесто се насмевнувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МЛАДИЧОТ: Всушност, тој и не беше војвода. Го викавме така затоа што еднаш поднапиен во Банско се прикажал како војвода.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
За сето време додека разговара со неа тој го чувствува Лукова, постојано гледа кон собата каде што остана тој и се штрецнува на секој шум.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Најпосле сами беа и сите оние другите ливотки, што прошмугуваа низ мртовечката темнина наоколу, иако тоа беше доста далеку од ова пеколно дно на самотата, што го имаа тој и неговиот волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше само дека никој не ќе може да го измени тоа; а за својот живот мислеше дека е проклетство, но негово, проклетство, за кое беше создаден и тој и неговото тело, од кое никогаш не се ни обишол да избега, а сигурно и не ќе можел да го стори тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше единствениот што можеше да го стори тоа, само тој и Дуко знаеја да работат со пиланата онака, како што требаше да се работи со неа, и кога веќе Дуко не можеше да дојде со него, тој воопшто не се двоумеше кога се согласи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше роден за да биде тој и беше горд со себеси таков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите ќе речат: Живеал тој и тој човек.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Постоеше пак една далечина, стоеше неначната и една исплашеност во тие околчави итри очи, јаренцето дури и истрча и се затскри зад сандакот со храната, но тој и сега можеше да го гледа опавчето, што продолжуваше да поигрува одвреме навреме и таму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кој е тој и како си дава право да осудува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- На тој и тој датум, службено се раскинува бракот меѓу Ѓорѓе и Рада. Застана, и на крајот свечено доврши - Општински суд Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Агларон шета, - вели тој и злобно додава, - уште малку им останува. После ќе прошета динамитот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нека се распадне тој и нека се множат зеленикавите измаглици пред неговиот поглед.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор сѐ поодредено чувствуваше некакво жестоко задоволство поради тоа што, еве, ги собрал - тој и никој друг - сите оние со кои требаше да се пресметува, добро да се погледаат очи в очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, го пронајде, тој и тој, женет тогаш и тогаш, за таа и таа и... чекај, да, да тука имаме уште еден брак, па уште еден.... па уште еден.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Хаџи Ташку не моли само кај властите за да го заштитат од смрт од нас, тој и нѐ клевети и потплаќа злоден против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како кај нас: по параграф тој и тој осуден си на смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Така е, брате. Каков што го наредил господ животов таков тој и ќе биде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Сѐ може да биде, почнува тој и пред да го крене шишенцето без брзање се крсти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- На тој и тој човек, вели Григор, избројани му се дните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе прати писменце Комитетот: тој и тој да го снема. И ќе го снема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После ќе дојде писменце за тој што колел: тој и тој да го стемне, да не го раздени. И не ќе го раздени. 31
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Полицаецот почна да урла. Два истрели беа доволни за неговиот глас да се смири и тој и неговата партнерка никогаш повеќе да не прозборат. - Децааа бегајтееееееее!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И така, по исплаќањето на долговите. сопственик сум на имот од речиси 30 000 марки, ослободен од данок, сакан како стрико и пак имам пристап до своето кумче.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Главно, јас бев тој и тој, и лозот го имав в рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, во моментот изгледа сè уште не беше избран автомобилот кој би ме лишил од животот и срцето ми е сосем здраво, иако и јас не сум противник на добрата капка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И денес се лутам затоа што на шефот не му побарав отказ пред да бидам принуден да му го побарам; што неговите безвредни предмети не му ги фрлив пред нозе пред да бидам речиси принуден да му ги фрлам: зашто, еден ден мојата стопанка ми внесе во канцеларијата некој човек со мрачен поглед кој ми се претстави како продавач на лозови и изјави дека сум сопственик на сума од 50 000 германски марки ако сум тој и тој и ако имам некој си лоз.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Попот го остави алатот на клупата, која му се служеше и како стол и како тезге за работа, поинаков, скоро непознат, без магија, во стари панталони и во кошула со многубројни риги: го загледува довчерашниот свој противник и сака да му ѕирне низ очи во душата, да најде што смислил тој и не му готви ли примка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најпрвин не знаев дали тој тагува по тие што отидоа или заради тоа што тој и не е со нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Луѓето го заборавиле. Дури, згора, тој и некакви педалчиња делка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кучето го негува како чедо; постојано е со него: каде оди тој и него го води; му дава што е најубаво за јадење, го храни исто како што ги хранеше кучињата во Пансионот. Игра со него, го дресира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Умре од мака и тој и сета управа, - секој сакаше да дојде до сексот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Ако треба може и да се биеме.“ „Тогаш да се биеме“, рече тој и уште повеќе позелене; ненадејно штукање што почна ритмички да му се кине од грло, му ги наполни очите со крв и страв, со некаква влага исто толку многубројна колку и кошулата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Единствено кралот избегал во скокови. Тој и едно голф топче.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се прашуваше дали тој и Џулија сепак не го згрешиле времето - преспале дванаесет часови, а мислеа дека е дваесет и триесет, кога всушност било нула осум и триесет наредното утро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покрај прозорецот имаше една маса за карти на која тој и старецот можеа да разговараат, без да бидат прислушкувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тогаш ти велиш „Не правете ми го тоа мене, сторете му го на некој друг, направете му го на тој и тој“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од моментот кога се најде во Министерството на љубовта - и да, дури и во текот на оние неколку минути додека тој и Џулија стоеја беспомошно, а металниот глас од телекранот им кажуваше што да прават, тој ја сфати сета лесноумност, сета површност на својот обид да застане против моќта на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој и неколкумина други како него, беа последните преостанати врски со исчезнатиот свет на капитализмот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само кажете кој е тој и јас ќе ви кажам сѐ што сакате.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Боже, кога би се замислил тој и кога би сторил ниет да сфати колкаво зло сам да си причини може!!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
13. ПОАРНО ЧОВЕК ДА ПРОСИ, ОДОШТО ДА КРАДЕ - и просеше тој и крадеше, но арно му не е, кога наутро сонцето на небото ќе се здаде гледајќи го жалосен и жално му се смее...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тука, во фабриката, и загинал. И тој и неговиот помлад брат. Неженет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Стави ја раката врз челово, моли тој и излечи ми ја оваа брчка што се свила околу моето грло и не ми дава да плачам.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Стави ја раката врз челово, моли тој и излечи ми ја оваа брчка што за целата своја должина ми го сви 'рбетот кон земјата.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
КОСТАДИН: Што ми прави таа, мајка ми?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сторил, што сторил! Детето е здраво, јако. Тој и не го видел кавалерот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој и деца ќе накоти, ти ни на јаве, ни на соне не можиш да го заборавиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи пак тој не мислеше да биде кодош на своите мариовки, и тоа Турци да ги продава, тој и не можеше да го дочека Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Им се приклучи и тој и Стамен како доброволци, горејќи од желба да го видат што поскоро селото ослободено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Кучке! - ѝ свика тој и се обиде да ја удри. Но таа му побегна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Им објасни дека тоа ѝ го сторил светецот за да ја казни, зашто на некој од манастирските орачи кога подлегнал да преспие на нивата, му дошла таа и му го изела едниот вол; се исплашил тој и отрчал кај свети Наум и му кажал плачејќи; тој му рекол да се врати на нивата и таму ќе ја најде мечката впрегната во јарем.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога му ја виде Божин ногата, на чудо беше станал тој и сите селани; арно ама пак нејќеле да го поверуваат оти бил штрк.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не можев да се ослободам од впечатокот дека секој негов гест претставуваше дел од играта што тој и Јана договорно ја практикувале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Среќа дека помеѓу жените нема толку многу кодоши, како помеѓу нас, мажите, ја пофали тој и ја погали по образот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Се разбира дека таква беше намерата на реченото“, побрза да објасни тој и ја спушти слушалката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Досега тој и жена му го користеа за перење и готвење; од него направија убав сад.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Па, Даг, ќе се видиме“, ќе речеше тој и ќе се ракувавме. „За околу три месеци?“ „Точно.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога во летото се вратив во Скопје, тој и натаму редовно одеше на променада до „Метропол“, само што наместо шапка носеше сламено жирадо, наместо сивиот громби капут – крем костум од ленено платно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Запретај го, - рече тој и се понастрани малку.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
-„Барем пушката да ја чував“, помисли тој и праша:
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Уште едно ќе испијам, - рече тој и пак го стави шишето под шупурката. – Сакам петнаесет да бидат. – и Водата потече во него, стивнаа децата, та се слушаше само шуркањето на водата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Хе-хе-хе-хе ... онака ситно-ситно како што умеел тој и пак си продолжил да си јаде, а Митре да пукне од смеење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој и на пријател и на непријател ќе му каже онака како што мисли.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Веројатно слушна за нашиот Бел Корпус во Белград!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
"Знаеш ли колку е тесен и висок бунаров под бозделот? ", ме прашува тој и се насмевнува, ама знам оти сака да ме изненади.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вели: „Најнапред му поливав под оревот да си ги измие рацете, потоа почнав да му поливам да си го измие и вратот, и најсетне, кога генералот се свлече до половина, пустата јас, и не ми требаше многу а да не забележам дека тој и не бил само генерал туку и мажиште“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Мене ме доведе кај тебе важно дело, дарагој Семјон“, вели тој и веќе се гледа дека однапред му се радува на учинокот на својот вовед.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За една недела, во тој и тој парк, на таа и таа клупа, во толку и толку часот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Нејзиното брмчење му пречи на домаќинот (но тој и така не е дома).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
До каде допира неговото властодржие, знаат само тој и водите на кои им командува.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој и вештерките скаменети на другата страна од Езерото.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ние в куќи, во семејството, уште многу рано, рано во животот, постојано слушавме дека Сталин, само тој и никој друг е виновникот за сите наши несреќи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но откако дојдовте вие, деца – живна малку тој и во очите му светна нешто топло – голема надеж ни ја огреа душата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
-Бабо, знаеш ли ти дека постои една француска поговорка што гласи: „Кој се сака тој и се кара“?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ќе те земам друпат, - одговори тој и за да го спречи нејзиното плачење и врескање, брзо додаде.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Пишман ќе бидете“ им рекол тој и налутен си заминал.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Празна! - вчудоневидено рече тој и ги преврти очите во главата од смаченост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Јас сега ќе напишам едно тескере. Тој и тој, Грци, од таму и таму. Дома си одат. Со печат, со потпис, со сѐ.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој и самиот почна да зеза.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ништо не ми е украдено, ниту пак нешто имам за криење, ами дали навистина некој можел да ја гибне пљачката или мене така ми се причинува – не знам!“ рече Едо брезничанецот и пак продолжи на начин на кој како да му даваше време на авторот да се соземе: „Ако бил некој, кој може да е тој и што барал да ми влегува дома!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За содржината на писмото се дозна многу подоцна, кога дедо му веќе не беше жив, односно, при првата посета на брат му на татко му, односно на стрико му, кога овој признал дека тој отишол во Карсој, ја нашол таа и таа зеленика и го поткренал тој и тој камен, ама нашол само адно писусче за бурмут, а во такво писусче собирало само десет жоутици.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Спикерот веќе ги реди имињата на загинатите: тој и тој од таму и таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се договоривме тајно со мој Змејко кој понекогаш се чини од невозможното правеше возможно, дека ако јас не успеам да најдам пари, за тоа ќе ми помогнат тој и неговите родители.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Лажеш, лажеш – врескаше тој и ми се закануваше со рака. – Ти ми имаш пребарувано, те познавам јас тебе добро!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)