тој (зам.) - утредента (прил.)

Со дедо ги изброивме цртите и беа токму толку, колку што бараше даскалот. A тој утредента, откако ми ја виде тетратката, ми рече: - За утре пак толку, ама на оваа страна да се навалени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој утредента му порача на деда Ангелета како знае да зборува со Бошка Манев и да го кандиса тој да го предаде Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)