Сеедно какво беше времето, сеедно каков беше ветрот и снегот, можеа и илјада бури да зафатат сега него ништо не можеше да го оддели од неговото дело, тој упорно издржуваше во својата таинствена работа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Некои од децата што не му сторија за да се откаже од таквите лудории, но тој упорно си го тераше своето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И како што тој упорно тврди, филмскиот занает го научил кај Американците.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се противиме го бркаме, но тој упорно настојува и трча како загар.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Го мразев и бегав од него. Но тој упорно сакаше да е до мене.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Разногласието на нивните изјави му ја матеше свеста и тој упорно се обидуваше да си ја расчисти со разумни интерпретации.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Софија направи мала пауза, очекувајќи ја реакцијата на Киријаз, и кога се увери дека тој упорно настојуваше ситуацијата да ја држи во молк, продолжи со глас на исповедничка: “Секое легнување со Јани в кревет ја имаше жештината на жарот во огништето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Себеси се замислувам како патник со голем багаж, патник кој очајнички се обидува да се ослободи од својот товар, но тој упорно се влече по него како самата - судбина.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)