тој (зам.) - самоуверено (прил.)

- Јас сум капетан Никола! - рече тој самоуверено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас се обидувам да се ослободам од грдата мора и тежина, но најсетне како што ќе рече и тој самиот, користејќи ја токму таа моја мака и мора, тој самоуверено ќе се провикне: Ја освоив Тврдината со валкано минато, (во неговите зборови јас бев Тврдина со валкано минато).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но тој самоуверено продолжи: - И таму згрешија. Многу, многу згрешија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го сакаше херојот во приказните - поврзан со невидливи врски со силите што го моделираат светот, како да е влечен од магнет, тој самоуверено ја следи прецизната линија која за него ја одредила судбината.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)