тој (зам.) - речиси (прил.)

Стомакот жестоко му се преврте од мачнина и тој речиси загуби свест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој речиси ја игнорираше Џулија, очигледно сметајќи дека Винстон може да зборува и во нејзино име.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кренав раце да го задржам, иако не знаев што би му кажал во моментот, но тој речиси трчаше и веќе беше одминат натаму по патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој речиси и не спиеше цела ноќ. Сигурно си го јадеше срцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И дури тогаш, кога се сретна со тоа свое срнче, можеше да биде сосема сознаен колку длабоко беше зараснат во глувата мов на таа притаеност; тој уште ни еднаш ја немал неа таква; тој речиси и не го познаваше нејзиниот допир, што заглушува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тој речиси чу како веднаш зад неговата нога, веднаш до неговата натколеница, просвире остриот заб на она виорно понесно самјачиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од близината на таа доба тој речиси поттрчнуваше, сега, додека се прибираше кон карпите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тој речиси го гледа старчето како стои едно кусо време, речиси е тука и она негово гласче, ене ја и неговата пониска раменица во завртувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Повеќепати имам водено такви разговари - повторив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Кој разговор ве интересира?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Кога? Каде се случи тоа? - прашуваше тој речиси задишан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Старецот, како што знаеме, монотоно го изговори своето ‘објаснување“; мислите се појавуваа некаде на површината од неговата свест, и тој речиси не ги ни чувствуваше стварно, иако однадвор зборуваше правилно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За среќа, Наташа не ја забележа раничката на бутината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И освен тоа, Вадим мошне трезвено го сакаше татка си: тој речиси не ни тагуваше на погребот и подоцна постојано беше мирен...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Сево ова е привремено - зборуваше Ирина, загрижена, а во себе мислеше: „Да и се случеше тоа на онаа плачлива глупача Наташа - тоа ќе беше едно; таа тоа можела и да го сонува; но Вадим... со неговото студенило, практичност...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко му на Зоки Поки не е многу дома, но кога е, тој речиси целото време му го посветува нему.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој речиси алхемиски трагаше по ова семејно враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)